БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Со моќта на Сивиот череп!”- најавено продолжение на култната анимирана серија “ХИ-МЕН и Господарите на универзумот”

Пренеси го гласот

Мател и Нетфликс во јавноста објавија 10 слики и најавија премиера на епската анимирана серија за Етернија.

Новото на име на продолжението на серијата со која растеа генерации на деца и младинци е “Господари на универзумот: Откровение” (анг. Masters of the Universe: Revelation)

Неодамна компаниите Mattel и Netflix објавија 10-тина фотографии од самата серија чија што премиера на првата епизода е закажана за 23 јули. Станува збор за нови 2 сезони со по 5 епизоди на омилената серија од 80-тите години на минатиот век кои продолжуваат онаму каде застанаа настаните со минатата серија од пред повеќе од 3 децении.

На подготовката на новите епизоди од серијата свое учество земаат токму децата кои што пораснаа со ликовите на Хи-Мен, Војникот, Волшебничката, Костурот, Хордак, Ѕверот, Орко, Грингер и останатите ликови од Господарите на универзумот. Од продукцијата најавуваат дека во врската со овој универзум создаден од имагинацијата на авторите на оваа серија ќе следуваат многу нови изненадувања и откривање на тајни на овој волшебен свет.

Креирано од:


Пренеси го гласот