БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со оглед на нивото на развој на новинарство кај некои новинари, помошта на овие луѓе е и тоа како потребна во Македонија

Пренеси го гласот

Нивото на демократија во нашата држава во огромна мера зависи од нивото на развој на слободната и професионална новинарска мисла и новинарска работа воопшто.

Обидите на одредени новинари (по вокација) новинарската професија да ја злоупотребуваат за лични агенди и своевидни вендети поради своја неоствареност на одредено поле, во никој сличај не е слободно и професионално новинарство.

Македонскиот плурализам во медиумскиот простор веќе 30 години е окупиран од вакви поединци кои што криејки се зад својата новинарска легитимација работат во огромна мера за свој личен интерес кој што подразбира во најмногу случаи моќ, пари, влијание, а дури потоа работат на своја новинарска релевантност за да истата ја користат како алатка за свој кредибилитет кој што мислат дека може да го уновчаат во моќ и пари.

Месеци наназад откако се случи промената на власта во Македонија финансиски моќни медиумски мегафони се обидуваат да нанесат политичка штета врз актуелната влада само и само затоа што овие мегафони не се во некаква од нив замислена милост на власта од која очекувале/аат финансиски пакети за нивно богатење и трупање на капитал, секако на штета од буџетот на граѓаните.

Ваквиот простор на шпекулативност и ставењето на овие мегафони во улога на креирачи на јавно мислење во Македонскиот медиумски простор, со оглед на нивната финансиска моќ од една страна и непрофесионализам од друга страна е РАК РАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА И РАЗВОЈОТ НА МАКЕДОНИЈА.

Од тие причини напорите на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ (центар-десна идеологија) за одржување на идеолошки баланс, професионализам и позитивни новинарски практики во афирмирање на слободната и професионална новинарска мисла се особено за почит и вредат да бидат нагласени и афирмирани во јавноста.

Медуимското мочуриште полно со медиумски предатори на кои им е важен единствено нивниот опстанок па и по цена на манипулации, конструкции, лаги, во никој случај не е во функција на јавниот интерес на граѓаните првенствено. Ваквата појава на злоупотреба на медиумската доверба на граѓаните е дел од проблемот зошто Македонија не може да се одлепи од транзицискиот хаос со децении.

Светоста и професионалноста на новинарството како и кај секоја друга професија (лекарската, професорската, инжинерската…) е сериозно деградирана и потребен е сериозен искрен и чесен пристап на надлежните власти за оваа сфера да започне да се реформира.

Токму намерата и обидите на Премиерот Мицкоски да внесе плурализам на врвно новинарство во Македонија преку воспоставување на комуникација и соработка со врвни светски новинари се и тоа како добредојдени во Македонскиот “кантар на вистината” на кој се уште преовладува екстремно левичарско и либерално новинарство чија што моќ датира од поранешниот комунистички режим.

Пораките на Премиерот Мицкоски пренесени преку средбите со новинарски величини како Такер Карлсон и Мегин Кели одат во таа насока на воведување на повисоки стандарди за Македонското новинарство, што секако е хорор приказна за оние новинарски мегафони кои што за себеси се сметаат дека по природа им припаѓа окупацијата на медиумскиот простор што ја прават во Македонија.

Дополнително средбите и комуникацијата на Премиерот Мицкоски со Крис Павловски-кој што е еден од предводниците на фронтот за разбивање на левичарско-либералните медиумски монополски позиции за наметнување медиумско влијание во светски рамки, се и тоа како добредојдени за унапредување на моделот за воведување на вистински медиумски плурализам во Македонија. Бизнис моделот на Rumble е и тоа како добредојден да биде пресликан на микро ниво во Македонија, така што досега индоктринираниот медиумски простор во нашата држава ќе добие ново ниво на демократија и професионални стандарди за развој.

Како предводник на овој нов бран на промени за постигање на информативен плурализам актуелниот Претседател на САД Доналд Трамп е соочен со истите проблеми во медиумскиот простор, како и нашата Влада во Македонија. Претварањето на медиумите во оружје за пресметка со политичките неистомисленици може да доведе до сериозни проблеми во функционирањето на едно премногу инфицирано општество, особено ако ваквата злоупотреба на медиумите се користи со практиката за претварање во оружје за пресметка со неистомисленици и на други институционални алатки (судство, обвинителство, полиција, фондови на државна помош итн)

Ваквиот плурализам на медиумскиот простор кој заслужува да биде унапредуван, никако не им одговара на присутните медиумски диносауруси кои што со диверзификацијата на медиумската моќ увидуваат дека нивната ера на доминација заминува во историјата.

Секако користењето на вакви позитивни пракси на комуникација и соработка со новинари како Такер Карлсон и Мегин Кели од страна на Македонските институции, треба да се продлабочува и шири и во периодот кој претстои, се со цел Македонските граѓани и јавност воопшто да добијат поширок хоризонт на полето на свое информирање, што пак ќе допринесе за вистински развој на демократијата во државата.

Оваа енергија и решеност на актуелната влада за менување на работите кон подобро се повеќе од легитимни со оглед на нивото на развој во кое се наоѓа државата. Овие напори на Премиерот Мицкоски за воведување на вистински медиумски плурализам, стандарди и професионализам во Македонија одат рамо до рамо со неговите напори за реформи во судството, реформи во образованието, културата, здравството, инфраструктурата и економијата. Ваквите напори на Премиерот на чело на актуелната влада се макотрпни и тешки пред се поради ретроградните елементи во државата на кои што им одговара актуелната статус-кво состојба во сите овие општествени сфери кои што овозможуваат развојот на државата и напредокот на граѓаните да стагнира.

Оттука високото ниво на свесност на граѓаните за неповолната состојба во која беше заглавена државата, пресликано низ огромната поддршка на последните избори треба да продолжи и во иднина а улогата на медиумите е да ја препознаат и афирмираат ваквата определба за промени кон подобро на Премиерот… без разлика на нивните идеолошки рамки. Новинарската диктатура на еден центар на новинарско влијание никому не е добредојдена, затоа што доволно се изнагледавме пародија во нашите животи.

Граѓаните на Македонија заслужуваат вистина обликувана од професионализам и високо ниво на свесност и одговорност за искажаниот збор.

Креирано од:


Пренеси го гласот