БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со поддршка на градоначалникот Атанасовски порибено езеро Калиманци во Македонска Каменица

Пренеси го гласот

Вештачкото езеро Калиманци кое се наоѓа на текот на реката Брегалница е една од најатрактивните локации за спортски и рекреативен риболов во државата. За рибарите кои што својата пасија ја практикуваат на ова вештачко езеро и останати делници од реката, најдобро ги знаат убавините но и местата каде најмногу пеца крапот, сомот, белвицата, мрената, кленот но и други риби кои се застапени во овој дел од реката Брегалница.

Со цел за збогатување на рибниот фонд во езерото Калиманци и развој на риболовниот туризам градоначалникот на општина Македонска Каменица ги поддржува напорите на организираните форми на граѓани и поединци за развој на општината во секој сегмент во рамки на своите надлежности.

“На ден 20.02.2023 година (понеделник) извршено е порибување на езерото Калиманци со 300 кг полово зрели единки на крап.
Средствата за порибувањето се обезбедени од Општина Македонска Каменица и ова е четврто порибување оваа сезона. Во водите на Калиманци се пуштени над 2.000 кг полово зрели единки на крап и 300 кг порибителен материјал.
Порибувањето ќе допринесе за зголемување на рибниот фонд во езерото и истото ќе ја зголеми атрактивноста на езерото за рекреативен риболов.
Оваа година преку ангажман на експерти, Општина Македонска Каменица и ЗРСК “Шаран” ќе започнат со редовна контрола на квалитетот на водата и на рибниот фонд.
Целта на овој мониторинг и анализа е првенствено со цел за заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на условите за развој на туризам, односно претворање на езерото во значајна туристичка атракција.”

-информираше во јавност градоначалникот Димче Атанасовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот