Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Со СДСМ, Делчево претворено во претстолнина на непотизмот во државата

Пренеси го гласот

На прес конференција Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Горанчо Тодоровски изнесе во јавност шокантни податоци за присутно масовно непотистичко вработување на актуелни функционери на СДСМ во Делчево.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме неговата прес конференција:

“Почитувани граѓани,

Делчево е препознатливо по многу работи од неговото постоење па до денес.

Со актуелната власт на СДСМ во Делчево,

Делчево стана препознатлива и како претстолнина на непотизмот во државата и пошироко на Балканот.

Во изминатите нешто помалку од две години апсолутна власт на СДСМ во општината, вработувањето на блиски роднини на функционери на СДСМ стана погубно правило како никогаш досега во историјата на нејзиното постоење.

1.Цела држава разбра за семејниот непотизам и прекумерното користење на јавни буџетски пари од страна на пратеничката Мира Стојчевска.

2. Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, се чини има најголема фамилија, па си ги вработи:

-кумашинката Ивана Ивановска како правник во Општина Делчево,

-сваќата Даниела Такева како технички секретар во Општина Делчево,

-сопругата на прв братучед, Наташа Тодоровска, во детската градинка „Весели Цветови“ Делчево,

-а својот прв братучед Миле Тодоровски го унапреди како водач на група во ТППЕ Делчево,

3. Кире Тренчевски, актуелен советник од СДСМ во Советот на Општина Делчево и член на Централниот Одбор на СДСМ, си ги вработи:

-Неговата сопруга, Анка Тренчевска во Министерството за финансии – трезорска канцеларија Делчево,

-Неговиот брат,  Горан Тренчевски во детската градинка „Весели Цветови“ – Делчево и

Неговиот прв братучед, Стојче Ситновски во Дирекцијата за заштита и спасување;

4. Дејан Георгиевски, актуелен советник во Советот на Општина Делчево, си ја- вработи неговата снаа Елизабета Георгиевска во ФЗОМ Делчево;

5. Маријана Стоименовска, заменик директор во ООУ “Ванчо Прќе” Делчево си го вработи својот син Младен Стоименовски како наставник во целодневна настава во истото училиште.

6. Поранешниот пратеник во Македонскиот парламент од СДСМ и кум на градоначалникот на Делчево, Голупчо Ангелов, од професор сe вработи во МВР;

7. Драган Апостоловски, син на поранешниот пратеник од СДСМ Никола Апостоловски, е вработен во МВР;

bregalnickimarketing

8. Горан Георгиевски, поранешен претседател на ОО СДСМ Делчево и поранешен кандидат за пратеник во два изборни циклуси, се вработи во МВР;

9. Благица Јочевска, поранешен советник во Советот на Општина Делчево се вработува во МВР, ПС Берово, а нејзиниот брат Андреј Ангеловски во Шумската Полиција – Делчево;

10. Љупчо Прачковски, поранешен градоначалник на Општина Делчево од СДСМ во периодот од 1996-2000 и поранешен директор на СОУ „М.М.Брицо“  – Делчево, повторно е назначен за директор на истото средно училиште. Неговата сопруга Билјана Прачковска, поранешен директор во Центарот за вработување, повторно е назначена за директор на истиот;

11. Шабан Багашов, член на ОО СДСМ Делчево е унапреден како Раководител на секторот за финансиско работење во Општина Делчево. Покрај него, ги вработија и неговата сопруга Нахида Багашова во ЈЗУ Здравствен Дом „Гоце Делчев“ Делчево и неговиот син Денис Багашов во ТИРЗ Скопје;

12. Миле Стоименовски, член на ОО СДСМ Делчево, поранешен директор на ЈП Македонски Шуми – подружница Голак Делчево, кој во еден период ја напушта работата во јавното претпријатие, сега повторно е вработен во истото претпријатие како шумарски инженер. Неговата ќерка Касандра Стоименовска, е вработена како благајник во ОУ „Св. Климент Охридски“ – Делчево;

13. Ѓорги Багевски, поранешен директор во ОУ „Св. Климент Охридски – Делчево“ и сегашен наставник, си ја вработи неговата ќерка Милена Багевска во истото училиште како економист;

14. Марија Глигорова, поранешен директор на ЈЗУ Здравствен Дом „Гоце Делчев“ – Делчево е повторно назначена за директор на истиот, иако требаше да биде пензионирана уште минатата година;

15. Владимир Мерзликин, некогашен Секретар на Општина Делчево, повторно е вработен во Општината, иако минатиот јуни требаше да замине во старосна пензија.

Почитувани граѓани на општина Делчево,

Ова е скандал без преседан!

Ова е невидено непотистичко здружување на актуелните функционери на СДСМ во Делчево кое ги надминува границите на нашата држава.

За нивните семејни, пријателски и партиски вработувања плаќаат сите граѓани, а општината пропаѓа уште подлабоко со овој гломазен камен закачен околу нејзиниот врат.

За да биде лицемерието пуштено на нај-јако, овие исти луѓе кои што си ги вработија своите роднини и пријатели, повторно, без трошка срам и образ доаѓаат во Вашите домови и ја бараат Вашата поддршка, за да гласате за нивниот кандидат на овие избори, наместо да си поднесат оставки како морален чин за непотизмот и да го ослободат Делчево од нивните канџи кои служат за потсмев на цела држава!

Оваа погубна пракса мора да престане.

Право и правда за Македонија мора да има!

5-ти Мај е денот на Правдата, ден кога сите заедно ќе покажеме во каква општина и држава сакаме да живееме.

Со Вашата поддршка за Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова ќе започне падот на оваа ненародна власт.

Ви благодарам. “

Креирано од:


Пренеси го гласот