Сопственикот на социјалната мрежа твитер, Џек Дорси за 2018 година примил плата во износ од 1.4 долари.
Ваквата изјава тој ја соопштил на Комисијата за безбедност и размена која е одговорна да ги следи билансите за наплата на даноци.
Дорси не примил никаква друга компензација или бенефити од компанијата, според неговиот анкетен лист. Тој исто така наводно одбил секаква компензација и бенефити во 2015, 2016 и 2017 година.
Како изјава на неговата посветеност и верување за создавање на долгорочна вредност на Твитер нашиот CEO, Џек Дорси ги одби сите бенефити и компензации за 2015, 2016 и 2017 година, како и за 2018 година тој ги одби сите бенефити освен неговата плата од 1.4 долари,
-стои во изјавата на компанијата на анкетниот лист.
Но затоа Дорси заработил околу 80 милиони долари во 2018 година продавајќи 1.7 милиони акции во Square- платформата за вршење на наплата со мобилни телефони, според напис на Форбс, во која што тој бил исто така CEO.