Градоначалникот н општина Виница Миле Петков присуствуваше на заедничка презентација на проект кој што се реализира во насокаа на подобрување на бизнис климата во општината, со вклученост на повеќе учесници во процесот.
Проектот се имплементира во рамки на образовниот систем во средното образование со учество н бизнис сектрот во општината.
“Вчера присуствував на презентација на проектот “Учи паметно работи стручно” кој е подржан од Швајцарската Влада и МОН. На настанот бизнис секторот беше запознаен со придобивките од неговата реализација на локално ниво преку дуалните паралелки и реализација на практичната настава во компаниите под водство на ментори од самите компании.
Преку социјален дијалог помеѓу бизнис секторот, претставници од СОУ “Ванчо Прќе”, Општина Виница и МОН, беа разгледани сите можности за ангажирање на потребните ресурси и идеи за создавање на квалитетен стручен кадар кој во потполност ќе одговара на потребите на пазарот на трудот во општината и регионот.”
-информираше градоначалникот Миле Петков во врска со овој настан.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Локален базар во Делчево: празник на традицијата, креативноста и локалниот дух.
Концерт на Танец и Воениот оркестар на АРМ вечерва во Делчево
Премиерот Мицкоски од Виница денес соопшти дека почнува реализацијата на проектот за експресниот пат Делчево- Виница- Кочани