Во рамки на неговите политички определби како и во интерес на развојот на вистинско цивилно општество на локално ниво, градоначалникот на општина Виница во континуитет реализира активности за директна соработка со преставници на граѓанските организации во општината.
На покана на имплементаторската организација Здружението ИНИ Виница, градоначалникот Миле Петков присуствуваше на почетокот на проектот “Активен живот” кој што е дел од програмата за “Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”.
“Вчера на покана на Здружението ИНИ Виница присуствував на промоција на проектот “Активен живот” во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи„ финансиски поддржан од Европската Унија, Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој и соработка.
Имплементатор на проектот е Здружението ИНИ Виница. Општа цел на проектот е да даде допринос кон поквалитетен живот, социјализација и подобрување на физичкото и менталното здравје. Специфични цели се подобра физичка подготвеност, примена на здрави животни стилови, групна припадност и социјализација.
Со спроведување на овој проектот, каде целна група се жените пензионерки од Виница, во периодот ноември 2022 до 31 јули 2023 година преку физички активности ќе биде промовирано физичкото вежбање и организирани повеќе едукативни работилници, се’ со цел да се промовира и меѓугенерациската солидарност.”
-информираше градоначалникот Миле Петков во врска со оваа остварена соработка.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски