• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Магазин
Културно наследство

Спасовден – Празникот на Христовото вознесение

јуни 6th, 2019 Културно наследство, Магазин коментари 418
Спасовден – Празникот на Христовото вознесение

Празникот на Христовото вознесение – Спасовден се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Во Новиот завет од Светото Писмо поточно во Светото евангелие според Марко опишано е и вознесението Христово: “А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога. Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го окрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!” – Така Исус се вознесол на небото, а неговите ученици се вратиле во Ерусалим каде што го прославувале и благословувале по храмовите.

Четириесет дена по воскреснувањето Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со “Христос воскресе” и си отпоздравуваат со “Навистина воскресе”.

Во спомен на Христовото вознесение на небото Светата Христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Спасовден зошто се празнува денот на Спасителот на Светот- Исус Христос.

Истражувачите на празничните обичаи и верувања истакнуваат дека времето кога се празнува Спасовден отприлика се совпаѓа со времето кога во претхристијанството паганите го празнувале празникот на божеството Спас кое меѓу многуте божества ја имало улогата на заштитник и спасител на луѓето. Се верувало дека врховниот бог Перун од небото испраќал молњи и громови како и градоносни облаци, а божеството Спас со житен клас во раката ги спасувало посевите. Во насока на ваквите верувања е и песната “Свети спас го обиколува полето” во која се пее за ваквата улога на светецот што ги наследил од старото паганско божество.

На овој ден луѓето ги посетуваат црквите што го носат името “Свети Спас” и даруваат  подароци. Некои за здравје преспиваат под иконата, а други кога ќе се разболат се ветуваат дека еден период ќе и служат на црквата.

Овој празник се празнува секаде, но нај интересните традиционални обичаи за овој ден можете да ги видите во Вевчани и Битуше.

Спасовден во Вевчани се слави три пати во годината и тоа како пролетен, есенски и зимен празник. Во сите тие денови обичај е да се оди во манастирот Св. Спас (Горни). Таму се ноќева, се принесуваат дарови кои потоа се лицитираат и продаваат како приход за манастирот. Свети Спас се смета како заштитник на селото можеби затоа луѓето вовеле уште два празнични денови за него. Зимскиот празник е воспоставен заради печалбарите, а есенскиот за здравје на добитокот. 

На Спасовден во Битуше, за последен пат во тековната година се вапцуваат црвени велигденски јајца, а бојата од котлињата или тенџерињата во кои изминатите 40 дена се вапцувале велигденските јајца се истура во чиста вода во селската река. Котлето или котлињата се измиваат и се оставаат на сигурно место, до идната година на величетврток. Во претпладневните часови на Спасовден се оди на празничен излет во месноста Покладишќа, каде што сега е изграден мошне убав црковен храм „Св. Спас“. Се носат црвени велигденски јајца нешто за пиење и јадење, се посетуваат лековитите изворчиња и чешмичиња, при што во водата за здравје се фрлаат метални парички. Овде се кршат и јадат последните црвени велигденски јајца. По убаво поминатиот претпладневен излет на враќање за дома се кинат билки и се кршат гранчиња со штотуку формирани оревчиња. Потоа се оди на пладневна литургија во селската црква, каде што пред иконостасот се остават ореовите гранчиња, симболично означувајќи го формирањето на плодовите на родните дрвја. Вечерта се оди на ракија во куќите во кои има крстено име Спасе.

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Комити- Скопје: Еве за кого идат благодарностите!
Следна објава Алсат: Автопатот кон Штип денеска сам се пушти во сообраќај
Може да Ве интересира:
Пеачката Тамара Тодевска ги истетовира стиховите од Македонската химна кои ги "утна" во Американската амбасада
Магазин

Пеачката Тамара Тодевска ги истетовира стиховите од Македонската химна кои ги "утна" во Американската амбасада

октомври 30th, 2020 517
Ова нема да го видите на Балканот. Маратонец го сочека својот колега пред финиш линијата и му го подари 3-то место
Магазин

Ова нема да го видите на Балканот. Маратонец го сочека својот колега пред финиш линијата и му го подари 3-то место

септември 20th, 2020 678
Пред 38 години Принцот Чарлс се ожени со Принцезата Дајана во венчавката на минатиот век
Магазин

Пред 38 години Принцот Чарлс се ожени со Принцезата Дајана во венчавката на минатиот век

јули 29th, 2020 546
Корона вирусот го наплати данокот. Чак Норис почина во својата 80 година
Магазин

Корона вирусот го наплати данокот. Чак Норис почина во својата 80 година

мај 18th, 2020 343
Мајк Тајсон доби понуда од 16.2 милиони фунти за бокс меч
Магазин

Мајк Тајсон доби понуда од 16.2 милиони фунти за бокс меч

мај 7th, 2020 426
Пејачката Адел шокираше со нејзина фотографија за роденденот
Здравје и убавина

Пејачката Адел шокираше со нејзина фотографија за роденденот

мај 6th, 2020 499
Илијанчо Гаговски:  5G e НЕЈОНИЗИРАЧКО зрачење и не може да влијае на вашето здравје
Магазин

Илијанчо Гаговски: 5G e НЕЈОНИЗИРАЧКО зрачење и не може да влијае на вашето здравје

март 28th, 2020 917
Имате Коронавирус? Дали и како да им соопштите на блиските/јавноста
Здравје и убавина

Имате Коронавирус? Дали и како да им соопштите на блиските/јавноста

март 26th, 2020 527
Сонети кои ќе го подигнат вашиот дух во самоизолација, во интерпретација на Патрик Стјуард
Магазин

Сонети кои ќе го подигнат вашиот дух во самоизолација, во интерпретација на Патрик Стјуард

март 26th, 2020 429
Facebook Comments
Жена на денот
Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

1284
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

721
Најнови објави
Фев 24th 4:36 PM
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 22nd 6:21 PM
Политика

Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд

Фев 21st 9:22 AM
Европа

Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација

Фев 17th 8:40 PM
Политика

Мицкоски: Јас сум Македонец и сакам во мојата лична карта да стои Македонската нација

Фев 17th 8:30 PM
Институции

За општина Штип гасификацијата е реализирана но само на ниво на планска документација. Ништо од ветената изведба на терен

Фев 17th 7:12 PM
Став

Шеќеринска пред 11 месеци, во време на светска пандемија го одјавила Полковник Драган Ковачки од здравствено осигурување

Фев 17th 12:16 PM
Регион

Претседателот на Советот на Општина Делчево наплаќал за адвокатски услуги од институции во Македонска Каменица, алармираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

Фев 16th 6:43 PM
Регион

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за реваншизам и непрофесионални преместувања во МВР во Кочани

Фев 15th 9:15 AM
Институции

СДСМ Кочани и Општина Кочани преку идентични соопштенија комуницираат со јавноста

Фев 15th 9:00 AM
Регион

Пред 3 месеци Бочварски се пофали дека потрошил 2.3 милиони евра за 10 км пат, кој денес изгледа вака

Набери здравје
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Неделни топ 5 на Брегалнички
Шеќеринска пред 11 месеци, во време на светска пандемија го одјавила Полковник Драган Ковачки од здравствено осигурување
Став

Шеќеринска пред 11 месеци, во време на светска пандемија го одјавила Полковник Драган Ковачки од здравствено осигурување

Фев 17th, 2021 1649
Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација
Европа

Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација

Фев 21st, 2021148
Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 24th, 2021122
Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд
Политика

Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд

Фев 22nd, 2021106
Шахпаска во декември 2020 г. во Лозово отворила детска градинка која два месеци потоа се уште не функционира
Регион

Шахпаска во декември 2020 г. во Лозово отворила детска градинка која два месеци потоа се уште не функционира

Фев 7th, 2021103
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
razlovci arhitektura 11
Monica Bellucci 126
razlovci arhitektura 18
57536292 2348704878747045 8979285888622133248 n
28-09-2018-1538200715
15-50
Monica Bellucci 69
trees07
Трудници и животни 08
Monica Bellucci 84
58442861 1704920699654075 849104876821544960 n
37379975471 a0c0ff1e55 o
burning man fest 085
detski ludorii 018
Kelly Brook 04
received 2698414710385050
floor jansen 06
Monica Bellucci 39
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.