БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Спроведени повеќе акциски расчистувања за време на викендот во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

За време на викендот беа спроведени повеќе акциски расчистувања на повеќе локации во градот.
Благодарност до Доброволната планинска спасителска служба Осогово – Кочани и Дирекцијата за заштита и спасување коишто се отповикаа на повикот од страна на градоначалникот и придонесоа при расчистувањето на влезот на градот Кочани од двете страни, од подвозникот до бензиската пумпа „Лукоил“ како и паркингот пред хотел „Национал“.

Доброволното противпожарно друштво во саботата исто така спроведе акција за расчистување – отстранување на паднати дрвја.

Во истовреме продолжуваат работните активности во склоп на проектот Јавни работи, мерка 6, кадешто ангажираните 20 лица од страна на Општина Кочани активно расчистија повеќе локации во градот. Покрај неколкуте исчиститени улици, деновиве беше исчистена околината на новата детска градинка од бујната летна вегетација, а денеска е исчистен просторот наменет за паркинг на улицата „Стево Теодосиевски“ и прилагоден за понатамошна изградба на паркинг.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Општина Кочани и во периодот кој следува ќе продолжи со ваквите акции и расчистувања.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace