БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба на Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со претставникот на ОМД во Европа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Улогата на дијаспората во промоцијата и развојот на туризмот во Македонија може и заслужува да добие повисоки рамки и вредности.

Како амбасадори на Македонското гостопримство но и промотори на квалитетни туристички понуди кои можат да остварат бенефит за сите инволвирани страни, припадниците на Македонската дијаспора било каде во светот можат да допринесат многу во зголемување на приходите во областа на туризмот, хотелиерството и угостителството.

За остварување на тие цели институциите на државата треба да посветат поголемо внимание во остварување на тие контакти и поврзување на луѓе и компании кои што можат да формираат успешен симбиотски модел за развој на туризмот во Македонија во иднина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За таа цел актуелната власт полага голема енергија во таа насока, со ангажирање и преструктуирање на Министерството за надворешни работи кое сега стана и министерство за надворешна трговија, а Министерството за култура се ребрендира и во дејности во областа на туризмот.

Дополнително во таа насока следува засилено темпо на работа на сите останати надлежни институции вклучително и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот чија што директорка Билјана Стефановска во текот на вчерашниот ден реализираше средба со Гордан Јорданов од ОМД.

“Директорката Билјана Стефаноска на денешната средба со Гордан Јорданов од Обединета Македонска Дијаспора разменија мислења за посеопфатна промоција на македонскиот туризам кај нашите заедници во странство.

Македонската дијаспора има двојно влијание на туризмот во Македонија — како извор на туристи и како поттикнувач на економски инвестиции и промоција. Тоа е важен сегмент во стратегијата на земјата за развој на туризмот, особено кога се работи на привлекување на туристи од земјите каде што живеат големи македонски заедници. Дијаспората не само што ја промовира земјата, туку и активно учествува во создавање на понуда која ќе биде атрактивна за новите генерации туристи.”

-информираа од АПРТ преку социјалните мрежи

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace