БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба на министерот Трипуновски со претставници на производителите на слива од делчевскиот регион

Пренеси го гласот

Денеска во просториите на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство Министерот Цветан Трипуновски реализираше работна средба со претставници на производителите на слова од Делчево.

Во пресрет на бербата од годинешната реколта на сливи чиј што квалитет и квантитет се релативно добри претставниците на производителите на слива ги пренесоа своите искуства со досегашната нивна пракса како и проблемите околу самиот производствен процес и пласманот на сливите.

“Остварив средба со претставниците и одгледувачите на сливи од Делчевскиот регион.

Разговаравме за годишниот род и квалитет на сливите, како и за актуелните теми и проблеми со кои што се соочуваат.

Министерството е партнер на одгледувачите на сливи. Се работи земјоделецот веќе да не биде социјална категорија, го враќаме достоинството на македонските земјоделци.”

-напиша на социјалните мрежи Цветан Трипуновски.

Креирано од:


Пренеси го гласот