Денеска Премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски имаше тат-а тет средба со Заменик помошниот секретар за Западен Балкан на Стејт Департментот на САД Александар Касанов. На средбата било разговарано за актуелните состојби но и за европските интеграции на Македонија.
“Остварив средба со Александар Касанов кој е заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот.
Разговаравме за состојбата во државата, европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план.
Имаме идеја, имаме план, Македонија има пријатели!”
-информираше Премиерот Мицкоски преку социјалните мрежи


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Имаме големи планови за изградба на нови експресни патишта, меѓу кои и нов експресен пат од Кочани до граница со Бугарија
Драган Ковачки: Вечна му слава на Претседателот Борис Трајковски
Објава за изгубен Родовник