Кандидатот за градоначалник на општина Кочани, предложен од партијата СДСМ – Николчо Илијев оствари средба со стечајните работници.
За потсетување, невработеноста во Кочани достигна рекордна стапка во периодот на транзиција во кој повеќето фабрики и трговски друштва беа криминално опустошени и приватизирани од страна на тогашната влада на Социјалдемократскиот Сојуз.
Истите тие социјалдемократи, дваесетина години подоцна пред избори ветуваат “решавање на проблемот со стејачните работници”, кога веќе за 80% од нив е најдено законско решение изминатиов период.
Како и да е, Илијев се одбрани, истакнувајќи дека не е член на ниту една партија,и истакна дека сака изборите да поминат мирно и достоинствено а дека секој треба да си гласа по своето убедување кога ќе се најде зад параванот. Илијев не вети ништо што подоцна би му се вратило како бумеранг, напротив тој истакна дека задачата на еден градоначалник е решавањето на инфраструктурата на една општина, односно менаџирањето со неа за да се подобрат условите за живот на населението на сите полиња.
Тој сепак побара тие да ги кажат своите проблеми што ги имаат за да истите бидат нотирани па доколку сепак ја добие довербата да ја води општината да изнајде начин за нивно решавање, секако доколку истите спаѓаат во неговите ингеренции.
Со тоа средбата се претвори во негов политички маркетинг, а стечајците по којзнае кој пат беа само “ислушани”.