Во текот на вчерашниот ден Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Австрија Неговата Екселенција Мартин Памер. На средбата биле разменети ставови и иницијативи за заедничка соработка на полето на безбедноста што се рефлектира во интерес на граѓаните на двете држави.
Министерот Тошковски ја наметнал темата за реформи во системот за управување со кризи како една од главните теми од интерес на Македонското министерств за внатрешни работи со оглед на недостатоците и проблемите воочени изминатите години на лице место со проблемите со пожарите и поплавите кои на голем простор се закануваа по безбедноста по граѓаните и имотот.
“Во текот на вчерашниот ден остварив работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер.
На средбата ја потврдивме одличната соработка помеѓу нашите две пријателски земји вклучително и соработката помеѓу министерствата за внатрешни работи и заедничката посветеност кон остварување на регионалната и глобалната безбедност. Како надоврзување на состанокот во ЦУК една од главните теми на разговорот ни беше реформирањето на системот за управување со кризи.
Амбасадорот Памер го образложи тековниот проект за соработка на противпожарните служби меѓу областа Тирол, Австрија и неколку македонски општини, од кои главни носители на проектот се Општина Крива Паланка и Општина Куманово. Проектот има за цел реформирање на целокупниот систем за управување со кризи преку разграничување на надлежностите на ЦУК и ДЗС, како и подобрување на одговорот на противпожарните служби на ниво на цела држава особено при справување со шумски пожари.
Ги разгледавме заедничките чекори во борбата со криумчарењето на луѓе и илегалната миграција, против тероризмот и сајбер криминалот како едни од приоритетните области. Од останатите развојни проекти, беше споменат и проектот за развој на планинскиот туризам во Македонија, чиј поддржувач и промотор е амбасадата на Република Австрија. Разговарано беше за активностите преземени во рамки на овој проект, чија цел е развој на австриско-македонското пријателство, а и промоција на македонските планини и туризам. Потенцирав дека промената мора да започне од нас и дека сè се може кога постои волја.”
-напиша на социјалните мрежи Минисерот Тошковски во врска со овој состанок.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Синдикални играрии: Митревски- Трендафилов е нелегитимен претставник на „ССМ“
Премиерот Мицкоски во посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини – поддршка за стабилен и одржлив енергетски сектор
Гевгелија е град на културата за 2025 година