За секој проблем нашите тела ни испраќаат сигнали во форма на предупредување дека нешто се случува. На пример, се смета дека болката во градите е ран знак за срцев удар. Иако, многу од оние кои имале срцев удар, воопшто не доживеале болка во градите.
Некој срцев удар може да биде бавен, а другиот може да се случи многу брзо, тоа зависи од многу причини. Некои луѓе не одат во болница занемарувајќи ги другите помалку познати симптоми. Многу е важно да се добие медицинска помош на време, а не кога ќе е предоцна.
Вашето тело ве предупредува за тоа што ќе се случи. Вашата коса исто така може да ве предупреди. Еве како: ако косата содржи високо ниво на хормон кортизол, можеби сака да ви каже дека доаѓа мозочен удар. Испитувањата се прават лабораториски, а самата нездрава коса може да покаже подолг период на зголемено ниво на стрес.
Кардиоваскуларниот експерт Шонсеј Кренди вели дека има 4 знаци или симптоми на срцев удар. Првата е болка во градите, иако не секогаш болка во градите може да доведе до срцев удар. Вториот е потење и гадење. Третиот е тешко дишење, а последниот е проблеми со стомакот.
Убиецот број еден во Америка е срцев удар, а постепено срцевиот удар зема се поголем замав и во Македонија поради нездравиот и стресен живот.