Во врска со сотојбите во културата на локално ниво во Делчево со свое соопштение во јавноста се обратија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Делчево:
“Нервозата и суетност на градоначалникот на општина Делчево e најголем непријател на културата и традицијата на Делчевчани
Очигледно е дека со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски културата во нашиот град ќе тоне и понатаму, најпрво поради неговото суштинско незнаење, но уште повеќе и поради неговата суетност и отпорот да сака да научи.
За тоа дека “подлажнува” во обидот да се одбрани дека не сме ги почитувале културните настани и значајните историски настани нема да навлегуваме затоа што добро знаеме дека ја следи нашата страна
Нашата Советничка група во Советот на Општина Делчево поднесе иницијатива за разгледување на состојбата со културата во Делчево
Како избраници на граѓаните на Делчево но и како партија од народот, наша должност е да ги штитиме интересите на делчевчани а токму катастрофалната состојба со културата во Делчево е она за што до нас како партија реагираа огромен број на граѓани
Предлагаме формирање на КРИЗЕН штаб за спас на културата и традицијата во Делчево преку кој кризен штаб вистинските културни работници и поединци ќе можат да понудат решенија за подобрување на очајната состојба со културните збиднувања во општина Делчево
Но градоначалникот Трајковски веројатно заслепен од својата суета, наместо да се вклучи во овој процес на нашата инцијатива зборува за “ланскиот снег” иако тој и неговата СДСМ во изминатите 6 години е најодговорен за лошите состојби со културата во Делчево
Како резултат на неговото незнаење на нашата иницијатива тој во неговиот одговор зборува за објекти, кога вистинското богатство на роднокрајната култура и традиција се луѓето и човечкиот капитал.
Токму од тие причини нашата Советничка група во советот на општина Делчево кое тело е задолжено за контрола на работата на градоначалникот ќе инсистираме за јавна расправа за состојбите со културата во нашата општина.
Целта е Делчево повторно да се врати на мапата на значајни културни настани како во државата така и пошироко во меѓународни рамки.
Голачките фолклорни средби е потребно повторно да ги вратиме таму каде што треба а тоа е меѓу народот на врвот на планината Голак,
Пијанечките денови на сливата да бидат повторно настан со кој ќе се промовира едно од најголемите богатства на Пијанец- сината слива,
Ѕвегорска сурва повторно да биде гордост и настан за прослава на традицијата на ѕвегорци на многу повисоко ниво,
Разловечкото востание да не биде срам и брука за делчевчани поради руинираниот Спомен дом во Разловци,
Гоцевите Денови повторно да бидат манифестација од светско значење- така како што доликува на нашиот патрон-македонскиот револуционер Гоце Делчев;
Да заживее повторно манифестацијата Делчевско културно лето а не нашите граѓани да патуваат во соседните општини за да посетат атрактивен културен настан,
Меѓуанародниот фолклорен фестивал “Оро се вие кај манастирот” повторно да го пренесе прекрасниот амбиент од пред манастирот Св. Богородица Балаклија низ целиот свет,
Делчевските културни здруженија повторно да бидат горд репрезент на нашата традиција, со подобри услови за работа,
Да заживее повторно делчевската серенада,
Да ги афирмираме заедно роднокрајните автори на највисоко можно ниво,
Кино салата повторно да биде полна со луѓе и дечиња,
да ја спуштиме културата од 3 кат во спомен домот АСНОМ, на земјата, онаму каде што треба да биде- помеѓу граѓаните,
Да создадеме туристичка мапа насликана со верски објекти, легенди, митови, традиција, народни кажувања, настани и манифестации со кои секој делчевец ќе се гордее.
Делчево и Пијанец се неисцрпен извор на културни вредности кои со визионерски менаџмент и многу работа можат да бидат пренесени од сегашните на идните генерации во функција на подобар животен стандард на делчевчани.
Формирањето на КРИЗЕН ШТАБ за спас на културата во Делчево од незнаењето и суетата на Горан Трајковски е наша должност пред минатите, сегашните и идните генерации на Делчевчани кои што се помалку ги има. А токму еден од основните столбови за постоење на подобар стандард за живот е токму духовниот раст и развој преку културата и културните збиднувања.
#Концепт800Плус#ВМРОДПМНЕ#ЗаДелчево#ПроектиЗаГраѓаните“
-стои во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево упатено до јавноста.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за Јавна расправа како патоказ за затварање на Градската депонија во Кочани
Министерството за транспорт инвестира над 1,2 милиони евра за изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа за граѓаните на Штип
Со пари од амбасадорскиот фонд на САД заврши конзервацијата и реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани