БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сув каналски систем на хидромелиоративниот систем Брегалница ја загрозува егзистенцијата на земјоделците во Лозово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Проблемите со водоснабдувањето за земјоделските површини во рамки на хидромелиоративниот систем Брегалница кулминираат во својата најлоша форма во општина Лозово. Иако состојбата по ништо не се разликува во остатокот од општините за кои што би требало да е предвидена вода од овој каналски систем за потребите на земјоделците, сепак состојбата за жителите на општина Лозово се чини е најалармантна. Фактот што доминантно голем број на семејства егзистираат од земјоделие чија што продуктивност е директно поврзана со испораката на вода за нивите, го подига алармот за надлежните на највисоко ниво.

Сувите канали на хидромелиоративниот систем Брегалница најавуваат криза на овој сегмент од земјоделското стопанство за што самите земјоделци ќе бидат оние најоштетени од ваквата состојба, поради загрозување на нивната егзистенција.

За ваквата состојба своја реакција јавно упати и градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски кој како јавен функционер својот кредибилитет го базира директно на граѓаните, застанува рамо до рамо со засегнатите земјоделци кои што се ставени пред неизвесност за своите семејства во периодот кој следува.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

⚠️Еднаш кажав, сега ќе повторам‼️

👉Сведоци сме дека во изминатиот период, Општина Лозово беше во неколку наврати погодена од силно невреме кое предизвика сериозни штети,како на земјоделските култури,така и на движниот и недвижен имот на голем број граѓани.

✅Со цел да биде спасено барем она малку што остана и да не се доведе во прашање егзистенцијата на земјоделците, побаравме и писмено од надлежните институции да обезбедат итно и неодложно вода за наводнување на земјоделските површини во сите населени места на територија на Општина Лозово!

⚠️Факт е дека се повторува се она што се случуваше во изминатите години каде и по неколку месеци во клучните периоди за земјоделските култури во годината, општина Лозово се оставаше без вода за наводнување, ЈАВНО,ЈАСНО и ГЛАСНО ќе кажам:

1️⃣Ги повикувам надлежните институции пред се на човечност и разбирање за граѓаните од нашата општина‼️

2️⃣Доколку не одговорат на нашите барања, Јас како Градоначалник во периодот што следи, ќе застанам рамо до рамо со граѓаните на протест‼️

3️⃣Како прв човек на општината ќе побарам оваа година Земјоделците од нашата општина да бидат ослободени од оваа финансиска обврска, односно ДА НЕ БИДЕ ИЗВРШЕНА НАПЛАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПОВРШИНИ (Вода секако нема!!)

п.с. Секогаш во животот е важно на чија страна си застанал во тешките моменти!!

Мојата е НАРОДОТ‼️

-соопшти Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски во поддршка на своите сограѓани.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace