• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Македонија

Свети Наум Чудотворец – Чудата и моќта на светителот

јули 3rd, 2019 Македонија коментари 754
Свети Наум Чудотворец – Чудата и моќта на светителот

Свети Наум Охридски Чудотворец (са. 830 – 23 декември 910) – средновековен словенски научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската писменост и македонската писменост и просвета.

Св. Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите Кирил и Методиј. Со нив, тој учествувал во Моравската мисија, а го ширел христијанството и во Панонија, Девол, Илирик и други краишта. По завршувањето на Моравската мисија, тој заминал во Првото бугарско царство, каде го поминал остатокот од својот живот. Првично тој живеел во престолнината Велики Преслав, каде се приклучил во работата на Преславската книжевна школа. Подоцна Наум заминал во Охрид, каде му се приклучил на св. Климент во работата на Охридската книжевна школа.

Св. Наум бил еден од основачите на Преславската книжевна школа, каде работел како учител од 886 до 893 година. Како еден од најдаровитите ученици на браќата Кирил и Методиј, во 893 година, кога Климент бил назначен од бугарскиот цар Борис I за словенски епископ во Дрембица и Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица бил назначен св. Наум Охридски, кој раководел со Охридската школа во текот на седум години. А во 900 година се повлекол во манастирот посветен на свети Архангел Михаил. Во манастирот, св. Наум собрал големо монашко братство.

Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи. На св. Наум Охридски му се припишуваат делата:

  • Канонот за апостолот Андреј  и
  • Канонот за пренесување на моштите на Јован Златоуст.

Наум Целакоски чудата на св. Наум ги класифицирал во неколку категории:

1.Св. Наум си избира место за манастир.

2.Свети Еразмо, Климент и Наум.

3.Св. Наум и мечката.

4.Лекување болни.

5.Чашата не се истурила.

6.Спасените праведници.

7.Не дозволува да се краде од неговиот манастир.

8.Казнување на грешниците.

9.Љубаништа.

10.Запис или клучеви на езерото.

Личноста која е на колена пред св. Наум е селанецот кому му помогнал светителот да ја впрегне мечката во неговото рало. Тој е во народна облека која се среќава во охридскиот крај. Стилизираните линии над ралото веројатно се кам шик на орачот, а стапот во неговата рака е обичен земјоделски предмет. Зборовите на селанецот изговорени на турски јазик „Ете, тој е” говорат за познатата популарност на светителот и меѓу муслиманите.

Од многуте народни преданија за св. Наум Охридски најпопуларно е „Св. Наум и мечката”. Ова предание има интернационален мотив – изразување на светечката моќ за припитомување на дивите животни и нивното искористување во добродетелните цели.

Народните преданија за св. Наум Охридски, спаѓаат меѓу најубавите и најинтересните народни умотворби на македонски јазик. Тие се кратки по содржина, со едноставна композиција, колоритен израз и занимлива фабула. Народот ја слави светинаумовата просветителска дејност, чудотворнолекувачката постапка и неговата исклучително благородна личност. Процесот на историзација и локализација е поврзан во преданијата со некој значаен историски настан детерминиран на одреден локалитет. Во минатото овие творби имале и општествено-национална функција. Преданијата за св. Наум Охридски се сведоштва од литературен карактер за народниот богат дух и интелект. Во Библијата чудата ги прават Христос и апостолите, а во легендите и преданијата светите Климент и Наум. Местото на библиските чуда е израелската земја, а во нашите легенди и преданија тоа е Македонија т. е. охридскиот регион.

Прво чудо

Интересен е случајот со авионот кој се уpнал и изјавите во медиумите и весниците на стјуардот кој изјавил дека бил спаcен од св. Наум. Еден ден пред уpивањето на авионот, тој купил икона од св. Наум и бил цврсто убеден дека неговиот живот го спа сил св. Наум.

Второ чудо

Двајца лекари, сопружници долги години немале дете. Доаѓале неколку пати во манастирот со молитва кон светителот за родителство. По две години добиле ќерка. Биле црвсто уверени дека нивното чедо е дар од св. Наум.

Трето чудо

Од Трпејца доаѓале некои луѓе за молитва. Единаесет-дванаесет години биле без свое чедо и минатата година на денот на св. Наум го крстеле детето. Биле убедени дека нивната молитва пред св. Наум помогнала за нивното чедо.

Четврто чудо

Некој човек, Германец долги години имал протеза на вратот. Но, влегувајќи во манастирот, слушнал глас „извади го тоа помагало”. Ја извадил протезата и му се олеснило. Повеќе не ја користел протезата. Постоле сведоци за ова чудо.

Петто чудо

Во манастирот донеле момче на 17-годишна возраст од муслиманска вероисповест кој страдал од епилепсија. Му бил прочитан педесеттиот псалм и молитва. Игуменот Некатариј се интерисирал преку негови роднини за неговата болест. Му рекле дека нема епилептични напади.

Шесто чудо

Манастирот го посетиле група Бугари. Една жена од нив украла мало паунче. Кога требало да си заминат автобусот се рас ипал. Но, некој ја видел кога го ук рала паунчето, ја ук орил да го го врати украденото паунче. Од црква и манастир не се кр адело. Таа се зас рамила и го вратила паунчето. Тогаш автобусот тргнал.

Седмо чудо

Св. Наум направил многу чудеса. И денес се уште се случуваат многу чуда. Дошле посетители од Охрид, но недолично се однесувале на свето место и на враќање сите се уд авиле. Се превр тел чунот во езерото.

Опелото се извршува пред насликаната архитектура на манастирскиот комплекс, а композиционата структура е блиска на Успението на Богородица. Светителот е положен на одар, а опелото го извршуваат словенските учители распоредени околу него. Од двете страни на сцената се движат големи поворки кои пристигнуваат на чинот на погребот. Фреските се насликани во девет сцени. Почнуваат од северната страна на параклисот и кружат според начинот на прикажувањето на настаните. Дејството на една сцена се пренесува на следната сцена. Тематските целини се зографисани по следниот редослед:

1.Впрегнување на мечката во јарем.

2.Вкочанување на телото на монах кој се обидел да го украде телото на св. Наум од неговиот гроб.

3.Лекување на душевно бо лните.

4.Крадецот на коњ затечен пред вратите на манастирската црква.

5.Царот Михаил го осудува св-. Наум.

6.Св. Наум го водат во затвор.

7.Крштевање на ќерката на царот.

8.Казанот остава отпечаток на каменот.

9.Св. Наум прог онуван од богомилите.

Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на 23 декември 910 година, во манастирот „Свети Наум“, на возраст од 80 години и бил погребан лично од св. Климент во манастирската црква.

Денес илјадници верници ќе го посетат манастирскиот комплекс “Свети Наум” на брегот на Охридското езеро. За многу години!

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев и неговиот генерален секретар се фатени на дело. Ги охрабрува сите новинари и медиумски работници да го следат јавниот интерес
Следна објава Wizz Air од 6 јули стартува новата авиолинија Охрид-Дортмунд
Може да Ве интересира:
Ѓорѓија Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи јавна соба
Македонија

Ѓорѓија Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи јавна соба

јануари 31st, 2021 25
"Стојанче поздрај го татко ти и кажи му со еден повик ќе го избрка од работа... ќе те остаа како пес испружен на улица." -Млад кичевчанец прима закани за ликвидација и бркање од работа на татко му
Македонија

"Стојанче поздрај го татко ти и кажи му со еден повик ќе го избрка од работа... ќе те остаа како пес испружен на улица." -Млад кичевчанец прима закани за ликвидација и бркање од работа на татко му

јануари 29th, 2021 1352
Поддршка од земјите на Вишеградската група за членство на земјите од Западен балкан во ЕУ
Македонија

Поддршка од земјите на Вишеградската група за членство на земјите од Западен балкан во ЕУ

јануари 25th, 2021 167
Странските инвестиции кои ги носи Заев се со стелт технологија
Македонија

Странските инвестиции кои ги носи Заев се со стелт технологија

јануари 24th, 2021 226
Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија
Македонија

Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија

јануари 22nd, 2021 152
"Првиот попишувач" Апостол Симовски се закани со затворски казни на тие што нема да се попишат
Македонија

"Првиот попишувач" Апостол Симовски се закани со затворски казни на тие што нема да се попишат

јануари 22nd, 2021 256
Реакции за новиот концепт на МОН за музичко образование
Македонија

Реакции за новиот концепт на МОН за музичко образование

јануари 21st, 2021 300
Средба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ со Маријана Петир
Македонија

Средба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ со Маријана Петир

јануари 21st, 2021 158
Се подготвува ли страшно сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од електроенергетскиот систем?!
Македонија

Се подготвува ли страшно сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од електроенергетскиот систем?!

јануари 17th, 2021 510
Facebook Comments
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

346
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

744
Најнови објави
Мар 1st 7:26 AM
Глас од истокот

На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои

Фев 28th 7:44 PM
Твитеризам

Дурло: Радувај се severXhanistansko graХhanstvo, имате антиваксерска влада!

Фев 28th 7:36 PM
Став

Почнаа да ги враќаат парите кај граѓаните. Сега на ред е враќање на мандатите…

Фев 28th 7:01 PM
Регион

Како ли само изгледа од внатре цевкава која носи вода за пиење за жителите на М. Каменица

Фев 26th 10:46 AM
Политика

Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот

Фев 24th 4:36 PM
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 22nd 6:21 PM
Политика

Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд

Фев 21st 9:22 AM
Европа

Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација

Фев 17th 8:40 PM
Политика

Мицкоски: Јас сум Македонец и сакам во мојата лична карта да стои Македонската нација

Фев 17th 8:30 PM
Институции

За општина Штип гасификацијата е реализирана но само на ниво на планска документација. Ништо од ветената изведба на терен

Набери здравје
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Прошетај по Брегалница
Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
Почнаа да ги враќаат парите кај граѓаните. Сега на ред е враќање на мандатите...
Став

Почнаа да ги враќаат парите кај граѓаните. Сега на ред е враќање на мандатите...

Фев 28th, 2021 173
Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 24th, 2021169
Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот
Политика

Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот

Фев 26th, 2021141
Шахпаска во декември 2020 г. во Лозово отворила детска градинка која два месеци потоа се уште не функционира
Регион

Шахпаска во декември 2020 г. во Лозово отворила детска градинка која два месеци потоа се уште не функционира

Фев 7th, 2021107
На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои
Глас од истокот

На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои

Мар 1st, 2021100
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
Monica Bellucci 99
COB Shoot-3 0267-585x390
Ентони Хопкинс 05
Dog faces 08
burning man fest 019
Jim Morrison 41
burning man fest 014
Напуштеното пијано 02
floor jansen 03
37286689980 dde5e84e37 o
received 2566543273357429
Напуштеното пијано 07
28-09-2018-1538199709
detski ludorii 029
31-19
15-10-2015-1444898040
30-05-2018-1527684563
Monica Bellucci 25
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.