На своја шестгодишна возраст Тајлин Блонд (Thylane Blondeau) беше неофицијално прогласена за “најубавото девојче на светот”. Денес 12 години подоцна таа се уште е во светот на модата. Таа е застапувана од познатата модна агенција IMG, заштитно лице на L’Oréal, активно вклучена во кампањи на Dolce & Gabbana и редовно може да се забележи на Канскиот филмски фестивал.
Настапувајќи како модел од најрана возраст таа сега е пасионирана со создавање на свои модни линии.
Нејзиниот Инстаграм профил е богато застапен со уникатни нејзини креации кои што едноставно пленат со својата префинетост, која во комбинација на нејзината убавина изгледаат вонвременски.
Некои од нејзините креации застапени на нејзиниот Инстаграм профил имаат одредено влијание од страна на нејзините фанови што ја чини особено респектирана и почитувана од огромна публика во целиот свет.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Жулиет Бинош ќе ја замени Агњешка Холанд на претседателското место на Европската филмска академија
Нијаким Гетвич е модна сензација која успеала да ги совлада предрасудите од различноста во нејзината околина [галерија]
Видео: Френсес Бин Кобејн изведува оригинална емотивна песна на гитара