БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тече литературниот конкурс за 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание кој го распиша ЈЛБ “Илинден” Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со пораката  Да ја одбележиме заедно историјата преку зборот и да ја чуваме искрата на слободата жива,   ЈЛБ „Илинден“ и Општина Делчево ги повикуваат сите љубители на пишаниот збор да учествуваат на Литературниот конкурс распиша конкурс на тема 150 години Разловечко востание – Искра за вечна слобода на Македонија“.

Со распишувањето на литературниот конкурс, Општина Делчево и официјално ги започна настаните по повод одбележувањето на големиот јубилеј, еден век и половина од првото вооружени востание запишано со црвени букви во македонската историја и предилинденскиот период, со што се отвора едно поглавје на сеќавање, гордост и почит, бидејќи Разловци не е само историја, тоа е жива порака дека слободата се сонува, но и се освојува.

Согласно со условите предвидени во Конкурсот, љубителите на пишаниот збор можат да конкурираат во двете категории-поезија и проза, а право на учество имаат:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-Ученици од општинските основните училишта

-Ученици од средното општинско  училиште

-Останати граѓани

Крајниот рок на доставување на творбите е 04.05.2026 г.(понеделник), а творбите можат да се достават:

-Во просториите на ЈЛБ„Илинден“- Делчево

-Кај наставниците по македонски јазик за основците

-Кај професорите по македонски јазик за средношколците

-На e-mail: m.biblioteka@t.mk

Во сите категории ќе бидатдоделени награди за прво, второ и трето место во сите категории,  а најдобрите творби ќе бидат јавно прочитани и промовирани на завршниот дел од манифестацијата за одбележување на 150 годишнината од Разловечкото востание на 19  мај во село Разловци.

Подетални информации во продолжение

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace