БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Теренски работни активности за одржување на зелените површини на ЈКП “Водовод” Кочани

Пренеси го гласот

“Теренски работни активности за одржување на зелените површини за период 10-19 август 2023 год.

👉 Екипите на сектор Градско зеленило во текот на изминатата седмица спроведоа активности за косење на зелени површини на следните локации: патен правец кон месноста Пресека (Оризари), патен правец кон с. Пантелеј, влезови во градот со особен акцент на кружните текови на влезот во Кочани, Ваквите активности беа спроведени со сопствена специјализирана механизација наменета за косење на големи и тешко пристапни зелени површини.

👉 Екипите на сектор Градско зеленило во текот на изминатата седмица исто така спроведоа активности за косење на зелени површини и во централното градско подрачје. Во рамките на планираните активности со специјализирана механизација беа искосени зелени површини во речното корито по течението на реката од “железничкиот мост” низводно. Исто така се косеше од ЈОУ библиотека “Искра” до градскиот парк.

👉 Екипите на КЈП “Водовод” – Кочани посветено ќе продолжат да спроведуваат теренски работни активности за одржување на зелените површини во градот и во населените места.”

-извор: ЈКП “Водовод” Кочани

Креирано од:


Пренеси го гласот