Македонските граѓани во просек зеле 1.275 денари повисока плата за изминатата година. Државниот завод за статистика соопшти, а министерот за финансии Драган Тевдовски образложи како просечната плата пораснала за 5,6 проценти заклучно јануари 2018-та, достигнувајќи 24, 025 денари.
-Персоналниот данок на доход, освен даноци од плати содржи и данок на договори на дело, кирии, игри на среќа и слично. Ако се гледаат само приходите на персонален данок по плати во јануари 2018 година, тие се за 4,7 проценти повисоки од јануари 2017 година. Во февруари приходите по персонален данок на доход имаат раст од 8 проценти, а придонесите од шест проценти. Во кожарството има раст на просечната плата од 2.171 денар или 19 проценти, во споредба со јануари 2017 година. Во производството на облека, растот на просечната плата е 2.069 денари или 16 проценти. Во текстилната индустрија платата расте за 24 проценти, односно за 3.870 денари“, рече Тевдовски