Алфредо Џејмс Пачино е американски актер и режисер роден на 25 април 1940 година. Во неговата актерска кариера која се протега во временски период од над 50 години Ал Пачино има добиено голем број на филмски награди и признанија за неговиот огромен филмски талент и работа.
Тој е еден од ретките актери кои што ја имаат освоено тројната круна за актерство: Златниот Оскар, Тони наградата и Прајмтајм Еми наградата. Добитник е на АФИ наградата за животни достигнувања, Наградата Сесил Б. Демил и Националниот медал за уметности на САД.
Филмското деби на Ал Пачино било во 1969 година пред што настапувал во театарски претстави. Светска слава стекнува со култната улога на Мајкл Корлеоне во оригиналниот филм “Кум” на Френцис Форд Копола во 1972 година.
Во неговата филмска кариера тој е инспирација на многу генерации на помлади актери.
По повод неговиот 82 роденден лична честитка до актерот упати овогодинешната добитничка на Оскар за главна женска улога Џесика Частејн
Покрај неговата плодна работа на големиот екран, Ал Пачино снима и ТВ серии и е активен како режисер на повеќе филмови и е продуцент во свое филмско студио.
Никогаш не бил женет а има три деца.