БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Томовски: СДС да не штитат приватни бизнис интереси од половина милион евра, ја повикувам антикорупциска да отвори случај

Пренеси го гласот

Директорот на СОЗР Ивица Томовски е тој што преку своето работење обезбеди конкуренција и драстично намалување на цените на услугите чиј што корисник е владата во споредба со претходната гарнитура на власт. Тој е човекот кој што во континуитет ги разобличува незаконските постапки на СДСМ и ДУИ со години наназад и разбирливо е што токму тој е на удар на лаги и манипулации од прес центарот на Бихаќка.. Сега кога не можат да ги диктираат процесот на водење на јавните набавки СДСМ се изложени на ускратување на многу привилегии што претходно ги имале од позиција на власт. А токму Директорот на СОЗР е тој што им застана на бизнис интересите на неколкумина во СДСМ кои дебело профитираа кога тие беа власт. За обидите на СДСМ да го дискредитираат Дирекоторот на СОЗР, тој денеска се обрати со своја реакција во јавноста преку која целосно ги остава со празни раце неколкумината моќници во СДСМ кои што се уште се обидуваат да профитираат единствено за свој личен бенефит.

“Ја разбирам нервозата во редовите на СДС која потекнува не само поради политичката неинвентивност и алчност, туку пред сѐ, поради бизнис интересите кои им се засегнати поради законитото работење на СОЗР, но и тесните бизнис интереси кои тие ги имаат со конкуренцијата во сферата на кој се однесува овој тендер,”

-алармира директорот Томовски.

“Кога непознати лица од партијата ќе ги пуштат како топовско месо на прес-конференции да сеат лаги и манипулации, а не им кажуваат дека всушност ги “горат”, треба да им кажат дека со истите тие прес-конференции штитат за половина милион евра поскапа понуда за обезбедување на истиот тендер кој го спорат.

Значи, болката на СДС е што се заштедија половина милион евра и истите не припаднаа на бизнис интересите кои ги застапуваат.

Фактите се следни.

Со тендерот обезбедив конкуренција, при што се наддаваа четири фирми, што не беше случај во изминатите шест години, кога само една фирма која конкурирала, секогаш го добивала тендерот на максималната вредност.

Понудата се спушти за половина милион евра и исто толку се заштедија пари на граѓаните. Штета што господата од СДС жалат за тоа дека се заштедени пари на граѓаните, а не се наполнети паричниците на луѓето блиски до таа партија.

Добитникот на тендерот, компанијата „Праеториан“, на никаков начин не е поврзана со мене, ниту му припаѓа на некој мој роднина.

Ова е чиста дезинформација и обид за манипулација на јавноста.

На крај, ги повикувам СДС се што имаат да достават до Јавното обвинителство и до Државната комисија за спречување на корупција.

Во спротивно, јасна е намерата да лажат и манипулираат со овој случај.

Воедно, убеден во исправноста на мојата одлука, лично ја повикувам Антикорупциската комисија да отвори и го испита овој случај,”

-отворено и гласно коментира Ивица Томовски со надеж дека антиккорупциска ќе излезат од сенката на СДС и ќе ги осуетат манипулациите и инсинуациите на оваа опозициска партија која во недостиг на реални политики за подобрување на својот политички рејтин се препелкаат во своите лаги и манипулации.

Креирано од:


Пренеси го гласот