БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тошковски: Духот и желбата за слобода на Гоце Делчев се аманет кој ќе продолжиме да го чуваме и негуваме

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во рамки на централната манифестација за одбележување на 152 годишнината од раѓањето на великанот на Македонското револуционерно Дело Гоце Делчев, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со делегација од ВМРО-ДПМНЕ положија букети со свежо цвеќе пред споменикот на Делчев во црквата Св. Спас во Скопје.

“По повод одбележувањето на 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер, учител и визионер Гоце Делчев, денес заедно со Vlado Misajlovski, Марија Митева и Велика Стојкова-Серафимовска положивме цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Сеќавањето на годишнината од неговото раѓање е чествување на вредностите за кои тој се бореше, а неговиот лик и дело ќе продолжат да живеат во нашата колективна меморија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Гоце Делчев остави неизбришлив траг во македонската историја. Неговиот дух и силна желба за слобода се аманет кој и понатаму со гордост ќе продолжиме да го чуваме и негуваме, оставајќи непроценливо наследство за идните генерации.”

-соопшти Министерот Тошковски во врска со овој значаен ден.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace