БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тошковски објави: Кастрење на пипците на корупцијата во МВР!

Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во јавноста реферира за зададен удар врз корупцијата во редовите на министерството.

Станува збор за пресечена пракса за подмитување на гранични службеници:

“Ставаме крај на селективното постапување и ја засилуваме борбата против корупцијата и криминалот во полициските редови. Во таа насока, министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против две лица – полициски службеници од ПС за ГП Ќафасан поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „Примање поткуп“.

Согласно сознанијата добиени врз основа на преземените оперативни активности од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, првопријавениот примил парични средства за да изврши дејствие кое не смеел да го изврши, додека второпријавениот му помогнал да не биде откриен, односно ги сокрил инкриминираните дејствија. Покрај кривичната пријава за лицата ќе биде поднесен предлог за отстранување од работните места.

Како министер секогаш ќе се залагам за одговорно работење и посветена борба против корупцијата, бидејќи нашите сограѓани заслужуваат професионална, одговорна и посветена полиција која ќе биде нивен сервис.

-информираше за јавноста Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

bregalnickimarketing

Видео приказ од спроведената акција во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот