Како резултат на неодамнешните инциденти и екстремното заладување на односите меѓу САД и ИРАН, Доналд Трамп упати порака до Иранскиот Претседател пред американската и светска јавност дека
“Тој има потенцијал да има одлична земја и тоа многу брзо. Многу брзо. Мислам дека треба да го сторат токму тоа, наместо да се движат по еден многу деструкривен пат.
Ние не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје и тој кажа дека не сака да има нуклеарно оружје и тоа е добро што го кажа. Но многу нешта беа кажани низ годините и излезе дека не се така како што биле кажани. Тој многу отворено и пријателски кажа дека не сака да има нуклеарно оружје за сите да слушнат, па ако тоа е така заедно може да направиме нешто во врска со тоа.”
Ваквата реторика на Трамп е позитивна кон релаксирање на односите со Иран, за што е засегнат целиот свет. Останува да видиме како ќе се развиваат нивните односи во иднина


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Имаме големи планови за изградба на нови експресни патишта, меѓу кои и нов експресен пат од Кочани до граница со Бугарија
Драган Ковачки: Вечна му слава на Претседателот Борис Трајковски
Објава за изгубен Родовник