Дополнителниот Заменик Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во текот на денешниот ден беше помеѓу земјоделците на Свети Николе и околните населени места Ерџелија и Мустафино.
Од она што Трипуновски го има забележано на терен помеѓу луѓето кои најдиректно се изложени на проблемите во нивното секојдневие, може да се заклучи дека состојбата во земјоделието не е никаде поразлична а таа е исклучително лоша.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата дадена за јавност од самата посета во овој регион:
“Денеска сум во Свети Николскиот регион поточно во населено место Ерџелија.
Денеска во разговорите повторно наидувам на ситуација дека и овде во Ерџелија има неисплатени субвенции, она што Трајан Димковски го говореше на една од дебатите дека се е исплатено гледаме дека и во Ерџелија таа слика не е вистина. Во разговорот исто така потенцираа и за проблемите со наводнувањето во 2019 година иако им било ветувано дека ќе бидат ослободени од надомест со вода ми кажуваат дека минатиот месец декември 2019 година веќе им се пуштени фактури дури иако во овој дел на Свети Николе речеси да немаше ниту една капка наводнување, односно површините и приносите беа десеткувани заради тоа што останаа без вода.
До 12 април е многу битно да имаме една фер и демократска процедура односно да нема вакви манипулации врз земјоделците колку што се обидуваат СДСМ во овој период, она што значи правилно вреднување на трудот на македонскиот земјоделец ќе дојде после 12 април кога ВМРО-ДПМНЕ со сигурност ќе ја формира новата влада.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево
Решение на деценискиот проблем на село Габрово, делчевско. Владата започна со проширување и целосна реконструкција на патот кон селото
Кривична пријава за жител на село Тработивиште затоа што упатувал закани кон неговиот чичко