Според сите најави наредната туристичка сезона за охридско-струшката ривиера би требало да донесе значителен напредок во остварување на приходи од туристичка дејност која што овие две општини ја имаат како предност во однос на остатокот од општините во државата. Впрочем подобрувањето на животниот стандард за граѓаните од овој дел од државата кој што има да понуди драгоцено туристичко богатство е нераскинлив дел од политиката за унапредувањето на туризмот од страна на надлежните институции во Македонија.
Турските туристи се повеќе од познати по нивниот раскошен туристички живот, кои што бараат специфични тур-дестинации различни од туристичката понуда која ја нуди нивниот домашен турски туризам. Директната авио сообраќајна врска меѓу Истамбул и Охрид е вистински погодок на надлежните во Министерството за транспорт за развој на туризмот во Македонија уште повеќе поради тоа што истамбулскиот аеродром е своевиден центар на светот на авиосообраќајот од каде и до каде полетуваат/слетуваат авионски линии буквално до цел свет. Така преку остварување на една таква авионска врска меѓу Истамбул и Охрид за очекување е интензивен развој на туризмот во Охрид и Струга но и цела Македонија. Преостанува само дефинирање на квалитетна и сеопфатна туристичка понуда на локалните тур-оператори, угостители и туристички работници за да остварат максимален приход од ваквата можност која за неколку месеци ќе се реализира.
Токму затоа од 27 март, Туркиш ерлајнс започнува да лета на линијата Охрид-Истанбул, што е остварување на програмските определби на актуелната влада и Министерот за транспорт и Вицепремиер Александар Николоски за интензивирање на туризмот во државата од една страна но и обезбедување на евтини летови кон сите светски дестинации за Македонските граѓани.
Авиокомпанијата веќе ги пушти во продажба билетите за летната сезона, објави специјализираниот портал за авио сообраќај “Ексјуевиејшн”.
Летовите од аеродоромот “Св. Апостол Павле” во Охрид ќе започнат со летниот ред на летање на 27 март и ќе сообраќаат четири пати неделно и тоа во понеделник, четврток, петок и недела. Како што наведува порталот турската авиокопманија ќе ги користи авионите Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900.
“ Со воведување на двете новите дестинации Истанбул – Охрид и Базел Милхаус – Охрид, практично започнуваме нова ера во развојот на авиосообраќајот токму преку охридскиот аеродром. Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи стратегијата ни даде резултати. Го донесовме Туркиш ерлајнс кој ќе лета 4 пати неделно од главниот аеродром во Истанбул кон Охрид и тој е еден од најголемите аеродроми со најмногу поврзувања“
-соопшти неодамна во рамки на своја изјава за јавноста вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Оваа линија Истанбул-Охрид е дел од линиите за кои Министертвото за транспорт ќе обезбедува финансиска подршка за период од 2025-2027 година, согласно јавниот повик што го објави оваа година.
На јавниот повик понуди доставија три авиопревозници, Флај Дубаи, Туршиш ерлајнс и Визер. Согласно критериумит, финансиската подршка е во висина од 9 евра по патник во доаѓање за патници превезени до „Меѓународен аеродром Скопје“ и 12 евра по патник во доаѓање за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“– Охрид.
За прв пат се применува моделот на субвенционирање на патници во доаѓање според кој се очекува да се зголеми бројот на патници за плус 200 илјaди на годишно ниво.
Покрај Инстанбул, од Охрид ќе се лета и кон Базел- Милхаус, а од Скопје директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт.
Развојот на туризмот во државата има потенцијал да обезбеди развој и на десетина други стопански гранки, па ваквите иновации во воведувањето на владини мерки се и тоа како посакувани во наредниот период за сите граѓани на Македонија.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
СДС и грижа за спортот?
Јаневска: Со постоење на лажните дипломи, оние кои реално се градат интелектуално во своето образование ја напуштаат државата
Средба на Македонски пратеници со Пол Мекарти и Џејмс Карафано