БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Убави работи сепак се случуваат. Синоќа блесна во цел сјај новиот спорско-рекреативен комплекс во Дузлак во Штип

Пренеси го гласот

Вчера во вечерните часови населбата Дузлак го имаше приматот да биде центар на убави случувања за граѓаните на оваа населба. Во полн сјај блесна новиот мултифункционален спортско-рекреативен центар кој што во изминатиот период беше цел на интензивна и посветена работа на локалните власти во Штип меѓу другите проекти кои што се реализираат насекаде низ општината.

Жителите на населбата Дузлак добија три нови спортски терени (терени за кошарка, одбојка, ракомет, мал фудбал), нов парк за одмор и релаксација како и забавно катче за најмладите дечиња од населбата. Целокупната опрема и вградени материјали се со највисок и најмодерен квалитет што го чини овој центар поразличен од сите останати не само во регионот туку пошироко во државата. Инсталирано е и јавно осветлување со енергетско ефикасни светилки, што вечерно време на овој спорско-рекреативен центар му даваат посебен шмек.

“Вечерва во населба Дузлак го отворивме мултифункционалниот спортски комплекс со содржини за сите генерации. Овој парк, изминатите години беше заборавен, но го обновивме и реконструиравме, обезбедивме игралиште за баскет со специјализирана тартан подлога, игралиште за мал фудбал со вештачка трева, терен за одбојка, како и нови детски реквизити. Просторот околу игралиштата го уредивме хортикултурно, а сега веќе е заштитен со ограда и целосно осветлен. Во овој проект Општина Штип, во соработка со општествено одговорната компанија Флекс кредит инвестираше 3.500.000,00 денари, за младите да имаат можност непречено да рекреираат и спортуваат.”

-информираше градоначалникот Иван Јорданов во врска со реализацијата на овој репрезентативен проект за граѓаните на Штип.

Работните активности на комуналните претпријатија и локалната самоуправа продолжуваат на повеќе други локации во општината за реализација на слични вакви проекти во иднина.

Креирано од:


Пренеси го гласот