Дејствието на овој анимиран филм се случува во 2150 година. Се работи за мрзливиот поштар Џони , кој носи писма и пакети насекаде низ вселената.
Иако е мрзлив тој е дел од секакви случувања , има контакт со најразлични цивилизации и патува низ многу планети. Но, како и се во животот и во реалноста, така и во филмовите, работите никогаш не одат како посакуваме, а Џони кој важи за мрзлива личност ќе се соочи со нешто несекојдневно за него и неговата работа.
Погледнете го ова интересно видео кое ќе ви ја покаже негативната страна на мрзливоста, невниманието и негрижата како и последиците кои можат да произлезат од нив.
Љубители сте на анимирани филмови?! Погледнете го Вселенскиот поштар Џони
