Еден од претседателските кандидати се пожалил дека цело време бил следен од службите на некоја тајна странска сила/полиција. Ако е навистина тајна сила/полиција, а самиот тој знае дека е тајна, тогаш следи дека таа не е тајна. Ако, пак, навистина е тајна сила/полиција, тогаш како знае дека е тајна? Ако… Се разбира, можат да се постават уште многу прашања од типот „ако“, поврзани со тајната сила/полиција, за која се знае дека е тајна, макар што, ако е тајна, како се знае дека е тајна? Сепак, постои уште еден суштински проблем: ако некој (сеедно кој) навистина е следен од некоја сила/полиција (тајна или нетајна, сеедно) тогаш каде се и што чекаат македонските безбедносни сили? Или, веќе ништо не е како што некогаш беше? Дури и ако е како што беше, сепак не е како што беше.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути
Николоски: Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман се поврзуваат со модерен пат со главниот град
Продолжува трендот СДСМ од опозиција да промовира реализација на проекти на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ