Нацијата нѝ е во напрегнато Хичкоковско исчекување – дали покрај досегашните татковци на нацијата, конечно ќе добие и своја мајка? Но, ви се молам, ваквиот пристап е целосно несериозен и селективен. И, оттука, дискриминаторски. Бидејќи, ве прашувам јас вас, каде се вујковците, стриковците, дедовците и бабите на нацијата; тетките и тетините, золвите, јатрвите и шурите; братучедите и братучетките? „Каде се?“ – ве прашувам уште еднаш. Зарем може, ви се молам, само една родбинска врска да се потенцира (таткоство и мајчинство) додека другите да се потиснуваат? Па, нели сме држава за сите, а не само за некои роднини, макар биле мајки и татковци?
П.С. Додека се занимаваме со избор на претседтел/ка на државата (функција ограничена и со сериозни индиции за уште поголемо ограничување) нѝ се протура, подмолно и тивко, процес на приватизација на Итната медицинска служба, на Домашната посета, како и на здраството воопшто, бидејќи тоа било светски, мундијален, планетарнен и very, very cool процес! Потоа, кога сè ќе стане cool (ладно и неиздржливо) ќе биде мало morgen. Или, што е исто, сето тоа ќе биде само in your dreams. За другите проблеми, во други пригоди.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу министерствата за здравство, образование и социјална политика за рана интервенција во детството
Министерство за здравство: Четворица пациенти од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, во странски медицински центри остануваат уште 11 пациенти
Перински во Крива Паланка: Со регионална соработка до нов урбан зелен парк за граѓаните