Сношти, без најава, ме посети Алфред Нобел. Делуваше сневеселен. Рече дека ќе формирал нова фондација со која мисли да ја затвори старата фондација од чија работа бил разочаран. Се делеле награди како кому ќе му текнело, особено под влијание на буквално сфатената Орвелова теза дека војната е мир, а дека мирот е војна. Се отишло дотаму, додаде, што нобеловците почнале едни други да се предлагаат пред и да направат какво било дело.Уште неустоличени на политичка функција (најчесто претседателска) биле наградувани за придонес кон мирот, кој тој ниту може да говиди, ниту мисли дека постои. Тоа особено важело за Големата Светска Сила. Ми наведе и конкретни примери. Додека го слушав, се разбудив, бидејќи сето тоа беше толку нестварно што мораше да биде сон. Можеби и не беше? Не знам.