• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
Насловна
Македонија

Љубомир Цуцуловски: „ВО ЕДНА НОЌ… “

мај 6th, 2020 Македонија коментари 0

Сѐ е по старо. Единствено што новото старо е нешто полошо од претходното старо. Другото е сѐ по старо. Во таква ситуација, нема што да коментирам, освен да се повторувам во коментарите. Затоа, за денес, одлучив да објавам мала одломка од романот „Роман во една ноќ.“ Денес и така ќе биде врнежливо и можеби некој ќе го прочита кусиот извадок. Го пишував во текот на летото 2010 година. Објавен е наредната година, од издавачката куќа ВИГ Зеница, Скопје. Ако во романот препознаете некои денешни ситуации, тој не е виновен за тоа. Оскар Вајлд можеби неслучајно сметал дека уметноста не е ја имитира стварноста, туку дека стварноста ја имитира уметноста.

„Сонуваше како се движи по некој непознат колски пат. Под сенката на еден разгранат орев, покрај кого минуваше мал поток, од двете страни обраснат со густа, свежа трева, забележа како се одмара некој туѓинец. Всушност, и обајцата, едниот за другиот, беа туѓинци. Гледајќи во него, непознатиот го праша:
– Од каде доаѓаш, човеку?
– Од Никаде, господине. – одговори Макенецот
– А каде е тоа, човеку? – продолжи со своите прашања туѓинецот.
– Макенија, господине.
– Такво нешто никогаш не постоело, ниту ќе постои, човеку! – строго забележи непознатиот.

Оваа забелешка на непознатиот, која сигурно не беше направена случајно, силно го возбуди и тој, сиот во пот, се разбуди. Погледа околу себе и сфати дека и понатаму се наоѓа во кругот на манастирот. Ноќта и натаму беше тивка, и ништо помалку топла, макар што до утрото имаше само неколку часа. Во главата и натаму му одѕвонуваше безмилосната забелешка (која, можеби, беше еднаква на констатација?) на непознатиот што го сони во сонот: ‘Такво нешто никогаш не постоело, ниту ќе постои, човеку!’

‘Такво нешто, како Макенија, никогаш не постоело, ниту ќе постои?’ – зачудено и по малку исплашено се прашуваше Макенецот. Зарем такво нешто е можно? Зарем и ова негово враќање во Макенија е само еден сон и ништо повеќе од сон. Тоа Макенецот не можеше да прифати. Еве го, седи на макенска почва, го гледа манастирот од своето детство, а непознатиот од сонот најбезмилосно му рече: ‘Такво нешто никогаш не постоело, ниту ќе постои, човеку!’ Значи ли тоа дека и самиот тој никогаш не постоел; дека бил само некаква фатаморгана, нешто фантомско, непостоечко? Ако е така, тогаш следува дека никогаш и не се родил. Во тој случај, што е со неговото детство, со неговата младост, со неговите гимназиски денови? Ако не се родил, тогаш и тие не постоеле. Понатаму, се прашуваше, што е со неговите сеќавања? И тие ли не постојат? Ако не постојат, тогаш како се сеќава на нив, на своите сеќавања? Ако никогаш не биле, во тој случај на што се сеќава? Да, токму така, на што се сеќава? И сеќавајќи, сеедно дали лажно или не, зарем на тој начин не потврдува дека сепак е; дека, и покрај сè, сепак постои? Понатаму, што е со караулата и со оние соништа од кои не може да побегне и по толку изминати децении? Што е со неговата мајка и нејзината притаена тага, кога со денови и денови седеше покрај прозорецот со солзи во очите и по образите, мислејќи дека никој не ја гледа? Што е со нејзиниот гроб, зарем и гробот го нема? Зарем и нејзините коски ги нема? Можно ли е сè, ама баш сè, да е само една илузија? Дури и тој самиот да е илузија? Ако е така, тогаш како е можно да мисли, да се движи, да говори, да биде макар и во илузија? Можеби на истиот начин како што беше во сонот за неговото обезглавување, во онаа бесмислена војна – и обезглавен тој стоеше исправено на нозете, налик на античка фигура. Притоа, дури и говореше, прашуваше, се грижеше… Дали се работи за сон во сон? Овој одговор не можеше да го прифати. Меѓутоа, ако добро се размисли, и таа варијанта е можна. Можно е дури и да биде сон во сон, и двата сместени во некој трет сон. Но, кој и да е сон по ред – трет, четврт, петти… – мора да постои некој кој сонува, мора да постои сонувачот. Значи, тој сепак е, тој постои! Спред тоа, и Макенија постои.“

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава СВЕТОТО ТРОЈСТВО НА ФИЛИПЧЕ: МАСКА, ДИСТАНЦА, ДЕЗИНФЕКЦИЈА Е УМОБОЛНОСТ, А НЕ ПЛАН!
Следна објава Убиен професор од Питсбург кој бил пред објавување на значајни резултати од истражувањата за Ковит вирусот
Може да Ве интересира:
Дали со кривична пријава ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да го спречи кршењето на уставот од страна на позитивните пратеници во парламентот?
Македонија

Дали со кривична пријава ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да го спречи кршењето на уставот од страна на позитивните пратеници во парламентот?

април 19th, 2021 0
Падна еден од столбовите на актуелниот режим: Рашковски поднесе оставка
Македонија

Падна еден од столбовите на актуелниот режим: Рашковски поднесе оставка

април 14th, 2021 0
Николоски: Отчет за се од власта и веднаш да кажат кој е датумот?
Македонија

Николоски: Отчет за се од власта и веднаш да кажат кој е датумот?

април 14th, 2021 0
Комити- Скопје: Ослободувањето на Уставобранителите ќе значи национално помирување!
Македонија

Комити- Скопје: Ослободувањето на Уставобранителите ќе значи национално помирување!

април 13th, 2021 0
Николоски: Македонија со Зоран Заев на власт во никогаш нема да почне преговори со ЕУ поради неспособноста и штетните политики
Македонија

Николоски: Македонија со Зоран Заев на власт во никогаш нема да почне преговори со ЕУ поради неспособноста и штетните политики

април 11th, 2021 0
Додека народ "квача јајца" под полициски час по дома, Заев се релаксира по хотели низ Македонија
Македонија

Додека народ "квача јајца" под полициски час по дома, Заев се релаксира по хотели низ Македонија

април 11th, 2021 0
ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на 25 април организиран за поддршка на уставобранителите
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на 25 април организиран за поддршка на уставобранителите

април 10th, 2021 0
Прва дигитална академија за политиката и дигитализацијата во услови на глобална пандемија
Македонија

Прва дигитална академија за политиката и дигитализацијата во услови на глобална пандемија

април 10th, 2021 0
Каде завршиле парите наплаќани за издадените пасоши од страна на МВР? Имало ли и други договори со мафијашките структури на организираната криминална група во и околу МВР?
Македонија

Каде завршиле парите наплаќани за издадените пасоши од страна на МВР? Имало ли и други договори со мафијашките структури на организираната криминална група во и околу МВР?

април 7th, 2021 0
Facebook Comments
Жена на денот
Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

0
Маж на денот
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

0
Најнови објави
Апр 19th 3:05 PM
Технологија и Опрема

Програмери наспроти нормални луѓе #01: Корен на врв или корен на дно?

Апр 19th 2:05 PM
Македонска бесмртност

Почина Д-р Александар Стојчев- еден од врвните интелектуалци на полето на одбраната на Македонија

Апр 19th 2:01 PM
Македонија

Дали со кривична пријава ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да го спречи кршењето на уставот од страна на позитивните пратеници во парламентот?

Апр 18th 3:15 PM
Регион

Сашко Ивановски: Во село Вирче предизборните лаги на градоначалникот Горан Трајковски се најголеми

Апр 15th 8:32 PM
Регион

Поддршка на протестот на КСС од страна на пратеникот Иван Јорданов

Апр 14th 11:01 AM
Регион

Регионалниот координатор на СДСМ за ИЕ 3 Никола Тренчевски од Делчево со 30000 денари е на списокот на хонорарци на Владата

Апр 14th 9:19 AM
Македонија

Падна еден од столбовите на актуелниот режим: Рашковски поднесе оставка

Апр 14th 9:02 AM
Македонија

Николоски: Отчет за се од власта и веднаш да кажат кој е датумот?

Апр 13th 10:07 PM
Глас од истокот

Гоце Марков: Како силувана?!

Апр 13th 9:50 PM
Глас од истокот

Стрезоски: Додека Заев ги полни батериите, Македонија ги полни гробиштата!

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Архива на статии
Наш Instagram дом
Прогноза за цената на лубен Прогноза за цената на лубениците за претстојната сезона?!?
Во едната рака земи грст сол и стави ја во чаша полна со вода. Водата ако ја испиеш ќе биде горчливо-солена.
Во другата рака земи исто толку сол и расфрлај ја во водата на блиското езеро... ако ја вкусиш водата на езерото солта нема воопшто да ја забележиш.
Болката и среќата се секогаш присутни во нашите животи.
Од тебе зависи дали ќе бидеш чаша или езеро.
Гордост е да си Македонец... Гордост е да си Македонец... и обврска и привилегија... и проклетство и радост...
Документарен филм за Божествената природа на Тоше Проески.
Тотална саботажа Тотална саботажа
Денеска целото членство гласа.
ДА🤔
НЕ☠
Светски класик кој ден дене Светски класик кој ден денес делува футуристички
Повеќе... Наш Instagram дом

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.