Во Градскиот парк во Кочани, ученици од кочанските основни и средни училишта приредија весела и креативна забава за најмладите сограѓани.
Со музика, игри, танц и пригодна програма, учениците создадоа радосна атмосфера и измамија насмевки на лицата на сите присутни. Настанот беше исполнет со детска енергија, дружење и празничен дух, претворајќи го паркот во вистинско место на радост и заедништво.
Со ваквите активности, кочанските училишта ја потврдуваат својата посветеност кон негувањето на хуманите вредности, креативноста и грижата за најмладите во заедницата.
Програмата за најмладите завршува во вторник, со настапот на омилените Биби и Боби, на истата локација, во Градскиот парк во Кочани, со почеток во 12 ч.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово