БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево со “Пакетче на радоста” подари насмевки и топлина во многу домови во општината

Пренеси го гласот

Во текот на изминатите неколку денови Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет на Делчево спроведоа голема акција за дружење на најмладите од општината со Дедо Мраз.

Многу топлина радост и дружење беа присутни во домовите на неколку стотина семејства во сите населби во градот, кои што беа посетени од Дедо Мраз во нивните домови, населби и улици.

Ваквата активност од страна на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО се организира во недостиг на организирана прослава за најмладите во Делчево од страна на институциите по повод новогодишните празници како што тоа беше реализирано цели 9 години пред 2017 година.

До 2017 година општината Делчево организираше голема јавна забава за најмладите на плоштадот во центарот на Делчево при што Дедо Мраз им делеше пакетчиња на сите присутни деца.

Фото: Новогодишна прослава за најмладите во Делчево во 2013 година
(Извор: Општина Делчево)

Од минатата година ваква прослава изостана, а пакетчиња им се доделуваат на дечињата во училиштата и градинката, без организација на поголема забава за сите дечиња која ќе им остане во трајно сеќавање во иднина.

Во продолжение ја пренесуваме објавата на Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево Христина Смилевска:

Креирано од:


Пренеси го гласот