БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љупче Петрески: МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ – ВЕЌЕ НЕ Е ТОА ШТО БЕШЕ

Пренеси го гласот

Театарскиот фестивал во Прилеп, барем за мене, повеќе од две децении претставува празник за душата и најочекуван настан во годината. Секако, последниве 7-8 години и Prilep Jazz Weekend!
Секоја година, нови и прекрасни искуства. Освен ланската. А ништо подобро не очекувам и оваа година.
Имено, според Катарина Хаџи Василева, уметнички директор на фестивалот, Министерството за култура им доделило 4 милиони денари, односно ја зголемило сумата за разлика од лани. Но, бројот на претстави е помал во однос на претходните години и децении. Згора на тоа, од осумте претстави, две се на мала сцена и нема билети во продажба и една е на албанскиот театар, кој прави одлични претстави но се тешки за следење. На крајот, изборот, за гледачите, останува на само пет претстави. Вакво нешто не паметам досега. А паметам, дека имало театарски ансамбли од соседна Србија па дури и од Англија.
Патем, бидејќи се фалите дека ви доделиле повеќе пари, покрај спонзорите, не го разбирам зголемувањето на цената на билетите. Ако некој гледа една-две претстави, прифатливо, но има мнозина што гледаат повеќе од една претстава, нели? Згора на тоа, не гледам дека е „покачен“ квалитетот на фестивалот за да ги покачувате цените на билетите.

Фејсбук статус на Љупче Петрески

Креирано од:


Пренеси го гласот