БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Уште една жртва на Корона вирусот а најповиканите во државата позираат за јавноста на градежна локација

Пренеси го гласот

Уште еден мртов граѓанин на Македонија како резултат на заразата!
Додека Македонци умираат, поединци на највисоки позиции во власта на државава позираат пред камери… демек многу загрижени, демек работат нешто, демек….

Додека Македонскиот народ оправдано секој ден стравува за утрешниот ден што може да донесе, оваа банда на власт размислува на ПР, соопштенија и фотографии како да се во предизборна кампања….

Ништо реално не направија како што требаше, за да ја спречат кризава.

Освен што изигруваат загриижени портпароли кои бодат очи на потиштениот народ.

Мала земја како Македонија можеа херметички да ја затворат уште пред 3 недели, пиле да не прелета. Војската после две ипол недели доцнење почна да се подготвува за дејствување, за да се справува со заканата… Онаа иста војска што во НАТО влегува по којзнае кој пат!
Наместо брза и навремена реакција 3-от и 4-от ешалон на власта масовно се шеташе на туристички дестинации, мислејки дека она што се случува во Кина е само лош сон од некоја друга галаксија… Па ај што се шетале, тоа вешто или невешто го криеја.
Во државата сериозно недостасува медицински материјал и заштитна опрема. За соодветни заштитни протоколи воопшто и да не правиме муабет! Медицинските лица и персонал се најпогодени од заразата!

Зошто?!?

Импровизација во полн ек!

Ќе кажат дека за првпат се соочуваат со ваква закана!

Ајде бре!

За сериозна држава заканите од епидемија постојано се предвидуваат и се таргетираат.

Дали намерно или не, зошто масовно не се прават тие тестови за заразаеност со вирусот?

Дали преќутно се минимизираат бројките на заболени со неспроведување на масовно тестирање на граѓаните?

Дали проблемот за ваквото непостапување се парите што ги разнесоа како глутница волци од сите јавни фондови во минатото?

Дали проблемот е незнаењето и неподготвеноста да се превенира недостатокот од вакви тестови?

Дали непознавањето на кинески или руски јазик ги спречува да побараат помош од оние земји кои имаат и можат да помогнат?
Дали преќутно кај народот се спроведува постапка за градење на автоимунитет од заразата?

Дали… ?

Многу прашања…

Ама народот седи дома преплашен и очекува “ѕвездите” на ова реално шоу да влезат во нивните домови дали преку ТВ или преку социјални мрежи за да им кажат дека и покрај сите превземени “мерки” во Македонија починал уште некој заразен, се разболеле уште неколку Македонци.

Па така човечките (Македонски) судбини стануваат само бројка на мониторот.

Секој живот е вреден, секоја судбина е за внимание.

Оваа власт (која размислува единствено на ПР и рејтинг) во вакви апокалиптични состојби се сомневам дека знае и може да го укаже потребното внимание.

Господ нека ни е напомош.
🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

ПС. Баш ме интересира на кој начин овие тројца “актери” со нивното присуство на оваа локација на фотографиите допринесуваат кон борбата со вирусот, освен што претставуваат потенцијален вектор за преносливост и ангажирање на јавни ресурси за нивниот личен ПР?

ППС. Ова не е повик за паника, ова е само јавно искажан личен револт за сите загубени животи, за сите погодени семејства од болеста како и сите оние што очекуваат тестирање на нивната состојба.

Креирано од:


Пренеси го гласот