БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Увозот на нискоквалификувана евтина работна сила нема да ја подобри Македонската економија

Пренеси го гласот

Откако Битиќи најави увоз на работна сила од странства за 200 евра плата, граѓаните вратија со сарказам, клетви и погрдни зборови на социјалните мрежи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи пред некој ден јавно соопшти дека владата предводена од Димитар Ковачевски работи на увоз на работна сила која би работела во Македонија за 200 евра плата.

Ваквата најава е дел од целокупната состојба во која Македонските граѓани масовно си селат привремено но и трајно во странство во потрага по подобро платени работни места.

На тој начин нашата држава губи огромни човечки потенцијали во чие што образование и квалификации инвестирале сите граѓани преку јавниот Буџет во интерес на странските држави и нивните граѓани, додека на местото на овие квалификувани и високообразовни кадри во Македонија се доселува ниско квалификувана работна сила, која што во значителна мера нема да ја подобри Македонската економија затоа што станува збор за ниско продуктивни кадри најчесто речиси без било квалификации.

Друг проблем е што со увозот на работната сила од странство во Македонија значително ќе почне да се менува националната конфигурација на населението со сите предиспозиции што со себе ги носии ваквата промена (јазик, култура, традиции, односи меѓу луѓето.

Ефектите од ваквата најава на Фатмир Битиќи за кого верувам дека не е случајно што ја превзема оваа улога за гласноговорник за ваквата политика на актуелната влада во Македонија денеска се:

-распад на цели семејства (чии членови масовно заминуваат за странство),

-зголемување на егзистенијалната несигурност (здравје, социјализација, финансии, образование,)

-неповратно продлабочување на пропаста на домашните мали и средни претпријатија (наместо да се идентификува реално проблемот и да се приоретизира поддршка за развој на бизнисите,

-Продлабочување на криминалот, корупцијата, институционалниот хаос (како резултат на немање на капацитет на институциите за справување со новата реалност која ја носи масовната увезеност на нова работна сила) и

bregalnickimarketing

-сукцесивно зголемување на недовербата кон институциите на државата (доминантно преу партизација на државата и поитички проткционизам и непотизам).

Имам силни сомнежи дека ваквото сценарио е намерно октроирано како дел од поширокиот план за уништување на Македонскиот идентитет во насока на создавање на географска територија населена со човечки дронови кои што работат во функција на размножување на капиталот на големите светски корпорации.

Што е тоа ако не ново- современо ропство?

ПС. На социјалните мрежи се присутни бурни реакции на граѓани наспроти најави на вицепремиерот Битиќи за увоз на работна сила од странство. Ваквите реакции започнуваат од редот на клетви и пцости, преку сарказам и изсмевање, па се до повици за радикализација на состојбите во државата како одговор на отпорот на владата да го слушне гласот на народот.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот