БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Вака изгледа центарот на едно од најстарите села во Пијанец- селото Град, делчевско. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ бараат уредување

Пренеси го гласот

Советниците во Советот на општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ Делчево поднесоа Барање за уредување на речното корито во центарот на селото Град во општина Делчево.

Моментално грди слики на расфрлан комунален смет го “красат” центарот на една од најстарите населби во регионот на Пијанец на чиј што простор од памтивек живееле луѓето на овие простори.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Делчево до градоначалникот Горан Трајковски поднесе предлог/Барање за расчистување на дивата депонија во речното корито но и за уредување на коритото во функција за подобрување на стандардот за живот на граѓаните.

“Жителите на село Град, општина Делчево имаат право на подобар живот‼️

Ваква е состојбата со неуредениот речен тек во центарот на селото Град на потегот од мостот во центарот на селото до првата каскада под селото.

Поради таа причина НАШАТА СОВЕТНИЧКА ГРУПА ПОДНЕСЕ ПРЕДЛОГ/БАРАЊЕ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ОВОЈ ПРОБЛЕМ‼️

Во ваква околина во 2023 година никој не треба да живее, затоа Бараме од градоначалникот Горан Трајковски да го сврти своето внимание кон уредување на оваа јавна површина во интерес на подобрување на стандардот за живеење на оние жители кои што се уште живеат во ова село.

ВМРО-ДПМНЕ по превземање на власта сериозно ќе се посвети кон надминување на овие состојби затоа што жителите на село Град тоа го заслужуваат!

#ДостаЕ!

#ЗАЕДНО#СО#НАРОДОТ”

-стои во соопштението упатено до јавноста во врска со оваа активност на Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот