Над Олшана стојат на мртва стража
Снаата и зетот свекорот и свекрвата
До кумот е кумата деверот и етрвата
Свирачите занемени сите скаменени.
Легендата старите ја раскажуваат
Сватовите се скарале пцуеле викале
Не почитувале адет и ред немале слога
Опиени од ракија и вино го пцуеле Бога.
Се налутил Господ им изрекол клетва
Камен да се скамените кукул да се скукулите
Сите до еден да онемите да оглувите
Од Божјата казна да не куртулите.
Некогаш одам кај скукулените кај онемените
На легендата помислувам и се прекрстувам
Не знам дали било вистина или лажа
Но Кукулјето таму стојат на вечна стража.
Пишува: Васил МАНЕВСКИ
