Ако некогаш случајно те сретнам,
Не ми бегај и не криј се ти
И не чекај пред тебе да клекнам
Да ти барам љубов и нежности.
Се што мина беше само сон
Пред нас животот се испречи суров
Морав да се вратам во селскиот дом
А тебе градската те понесе бура.
Меѓу своите се чувствував сам
И срцето почна да ме стега болно
Сакав да побегнам а морав да седам.
Твоите писма ги читав безволно
Знаев те губам,знаев ќе те немам
Наслутував дека си туѓа жена.
Пишува: Васил МАНЕВСКИ
(Овој сонет е од циклусот Писма и медитации
во стихозбирката ЗАД ТВОЈОТ СОН 1980)


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Локален базар во Делчево: празник на традицијата, креативноста и локалниот дух.
„Шате Керамика“ одбележа 31 година – од семејна приказна до бренд што обликува ентериери
dm и „Мама круг“ приредија Make-up & Glow Brunch – топло женско претпладне со кафе, нега и разговори