Eдинаесеттиот октомвриски ден,
Македонија секогаш го славеше,
Како востанички празник народен,
А, годинава како да се срамеше.
Функционерите и одбрани личности,
По традиција ги посетија и се поклонија,
Пред спомен обележјата партизански,
Венци и букети свежи цвеќиња положија.
Премиерот македонски во својот говоp,
За убиствата ѕверски не изусти ни збор.
Во името на добрососедскиот договор,
Не го именува ни фашистичкиот окупатор.
Така: скромно и нечујно, со премолчување,
Во ограничени услови на корона пандемија,
Мина и годинашново празнично чествување,
Без народен собир, без свечена академија.
Васил МАНЕВСКИ
(Македонските состојби)