БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

„Важно е! Од тебе зависат промените“ немојте никој друг, поинаку да Ви кажува

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска пред целокупната Македонска јавност, пред граѓаните ја најави акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ која што претставува материјализација на сите политики на партијата во функција и во интерес на граѓаните на Македонија. Народниот карактер на суштината на постоењето на ВМРО-ДПМНЕ како партија која извира од народот и е негов најсилен одбрамбен механизам за сите негаторски политики на Македонскиот национален идентитет со сите свои програмски определби, преку оваа акција силно ќе се преслика на терен во секое населено место, во секое маало, кај секој граѓанин. Само така обединети со народот низ највисок демократски процес може да дојде до израз волјата на Македонските граѓани, која своја кулминација ќе има на наредните парламентарни избори, за еден нов почеток за Македонија.

Пораката дека секој еден човек е важен во оваа борба за обединување на целиот народ со иста цел за Македонија е важно да стигне до секој поединец, но уште поважно пред очите на целиот свет да упатиме заедничка порака во каква држава и каква иднина сакаме да живееме како граѓани на Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот