Екипи на вработени во ЈП “Стипион” Штип веќе започнаа со реализација на уредувањето на тротоар за зголемената фрекфенција на пешаци кон новоотворениот Штип Сити Мол. Денеска Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов беше на лице место на самата локација која што поради зголемената фрекфенција на пешаци од неодамна стана приоритет за реализација на локалните власти.

“Зголемената фреквенција на движење на потегот од камениот мост до Штип Сити Мол, претставува причина повеќе да започнеме со изградба на нов тротоар за пешаци.
Градежните работи за изведба на тротоарот ќе ги изведува ЈП Стипион,а исто така е предвидено да се осветли овој потег, со цел поголема безбедност на пешаците и учесниците во сообраќајот.”
-информираше денес за јавноста градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Влатко Јефтимов и Мирче Павлов прогласени за најуспешни пожарникари во Кочани за минатата година
Потпишан договорот за поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци
Санација и реконструкција на оштетени шахти на коловозите во Кочани