БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Весна Јаневска: Училиштата да не доделуваат парталави учебници, МОН ќе ги замени со нови пред 1 септември!

Пренеси го гласот

Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на МОН и истите ќе бидат заменети со нови пред почетокот на новата учебна година. За оваа намена обезбедени се буџетски средства и нема потреба да ги разочаруваме ниту учениците, ниту нивните родители кои оправдано реагираат до министерството дека нивните деца добиваат учебници без корици и искинати страници.

Информирам дека нови учебници ќе добијат и сите ученици од прво до трето одделение, со оглед дека станува збор за таканаречени „работни учебници“ со материја што се пополнува со пишување, боење и сечење. Нови учебници со надградена содржина ќе има и за седмо одделение во основното образование, како и за дел од предметите во гимназиите и средните стручни училишта. За прв пат после шест години, учениците ќе добијат и учебници по сите странски јазици.

Учебниците се еден од клучните фактори за квалитет на образовниот процес, покрај мотивираните наставници, наставните програми и инфраструктурата. Втора учебна година по ред ќе имаме навремена испорака. Претходно не беше така.

Креирано од:


Пренеси го гласот