Интегрален текст од денешната прес конференцијата на Весна Ничева од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип:
“Право на пензија ќе има еден од родителите коишто имаат дете со попреченост по наполнување на 62 години за жена, 64 години за маж.
Ќе се Зголеми бројот на згрижувачките семејства и ќе се Унапреди постапката за посвојување.
Лицата со инвалидност ќе добијат Бесплатна бањско-климатска рекреација.
Предвидуваме Бесплатен компјутер и помошна технологија за студентите со инвалидност, какко и Стипендии за студенти со телесен инвалидитет.
Ќе ги Ослободиме граѓаните од давачки за набавка на возило за лица со инвалидитет.
Децата без родители и родителска грижа ќе добијат Бесплатна возачка дозвола.
Ќе се изградат мали групни домови, специјализирани куќи за деца жртви од семејно насилство и трговија, како и специјализиран центар за деца зависници.
Ова се само дел од проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги предвидува во својата програма и со кои ќе обезбеди благосостојба на сите граѓани.”