(,,Историското” писмо на Гоце) Отсекогаш постоеле недоречености и пропаганди од страна на комшиите ни наши, за цврстата кауза на македонскиот идеолог и творец на Каузата – Гоце Делчев.Аспирациите и великобугарските манипулации никогаш не го поштедиле од фалсификатите и местенките, преку животот се до неговата изнудена и очекувана смрт.Зошто бугарските весници отсекогаш го напаѓале ако навистина бил Бугарин како што велат тие?
За да биде сликата појасна, неговото самодекларирање како освестен Македонец е трнот во око на сите медиуми од тоа време кои со душа чекале да биде ,,тргнат”!
И ден-денешен Бугарите се повикуваат на фамозното писмо (ако не е фалсификат?), во кое Делчев тврди дека Македонците се Бугари.Дури и да го напишал ова писмо тоа е временски момент кога Бугарската егзархија е во најголем залет, време кога македонските учени своето знаење го стекнувале од едностраните бугарски информации и егзархиски книги (од истите тие книги учеле за ,,своето” потекло) а кои на пиедестал го ставале бугаризмот.
Сепак во една своја подоцнежна изјава Г. Делчев е јасен и недвосмислен во одредницата на своето македонско национално чувство.ЦИТАТ: ,,Оној кој сака да работи за присоединувањето на Македонија кон Бугарија , Грција или Србија, тој може е добар Бугарин, добар Грк или добар Србин, но не е и добар Македонец”.
Тогашните весници на бугарската егзархија жолчно го напаѓаат две – три години по неговата смрт поради неговите промакедонски ставови.А дури подоцна си го преземаат како свој историски лик во недостиг на свои. Во 1905г. во весникот ,,Реформи” остро е напаѓан. ЦИТАТ: ,,Овој Делчев навистина почна да се замислува дека е Господар на македонското дело и дека неговата волја треба да е врховна”!?
Во неколку наврати во изјави кон репресалиите и тортурите, кон местенките и интригите на Дворот, Г. Делчев ќе каже; ЦИТАТ: ,,Додека моето рамо ја носи пушката, ниту еден бугарски официр не смее да стапне во Македонија! Границата е плот од штикови, чии острици се насочени кон градите на офицерите!” Тоа е време кога Дворот плаќа дебело ,,писатели”, т.е. агитатори, фасификатори-весникари кои со перо, кои со револвер се обидуваат да го замолчат.Самиот тој факт е доволен да потврди сам за себе колку Делчев е Бугарин, нели?
Самите весникари, дебело платени, извиканиот да го извикуваат од неговата камелеонска и строго дисциплинирана рутина и агенда, платени да го извадат на виделина, на површина за да биде елиминиран.Преку голем број на писма испратени кон негови блиски дека наводно Делчев починал негде по планините, создаваат атмосфера на затајување на духот на македонизмот, се со цел самиот да се појави…
Тој, самиот е свесен и го знае фактот, а воедно знае и за неизбежниот крај.
,,Ако не беше овде, ќе беше на друго место”.
Ако не беше денес, ќе биде утре-тоа е основната поента на неговото погибие.
Во збиени редови и со збиена агенда, истиве овие агитатори на великобугарската егзархија трчаат кон границите навестувајки касапници, колежи и неколку пати се обидуваат преку подражавање и провоцирање да изнудат излегување на идеологот од скрити места на родната грутка, на површина како би бил елиминиран и отстранет.Крајно негативното расположение на тогашниот бугарски печат е и повеке од доволен доказ за самосвеста на македонскиот апостол на тајната национална мисла и реален творец на ,,#опервачкото” ВМРО , човек кој ке биде лајт – мотив на сите идни генерации.
Одеднаш, стивнуваат сите напади врз Делчев, и желба велика, ќе се потепаат да си докажат прво на себеси, а после на сите други дека е Бугарин. Во 1902г. Гоце Делчев има весник ,,Дело”, кој всушност е остар критичар на бугарската пропагандна машинерија и има цврсти докази за посветеноста за самостојна и независима Македонија. Во еден број на ,,Дело”, авторот #Еден #Македонец пишува; ЦИТАТ: ,,Кој пат ке го фатиме и што да правиме за да се откинеме од оваа мрежа што така итро ни ја скроија бугарските влади? Како што реков неопходно е да премавнеме бугарската пропаганда во Македонија”!?
Дали ние воопшто сме свесни колку документи и ден-денес се кријат во архивите?Особено турските?! Дали претпоставуваме за големината и делата на Македонците кои историски биле злоупотребувани? Лесно е да се суди од денешен аспект, но врати ги временските параметри ТИ, мој читателу и просуди.
(користена литература од А.Донски)
Пишува: Гоце Љубе Марков колумнист, Македонец и Човек
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кому му пречи соработката меѓу демохристијански народни влади во Европа?
Продолжуваме да живееме во славно срамно сиромашно (три-С) време…
Предлог мерка за заживување на земјоделието: Државата да додели 1200 хектари на пратениците и сите субвенции за да произведат храна за народот