• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Македонија

Видео: Мицкоски помеѓу својот народ од Ташмаруништа се обрати за Илинден

август 2nd, 2018 Македонија коментари 596

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес присуствуваше на одбележување на големиот празник, 2 Август Илинден во струшкото село Ташмаруниште од каде на сите граѓани им го честита големиот ден.

Во своето обраќање пред присутните Мицкоски истакна дека Илинден е крикот на поробениот Македонец, тоа е жедта за слобода и човечки правдини. Природниот стремеж за своја држава на секој Македонец.

-Илинден e вознесот на една столетна борба на обесправениот народ, каде саможртвата е нужност тогаш кога борбата е единствениот начин до целта. Но, самопрегорот кој го поднесоа тие гледаа како на поднослива саможртва, затоа што љубовта кон својата земја и татковина беше најголемата жртва којашто во тој момент можеа да ја поднесат. Претседателот на Крушевската Република,  Никола Карев пред насобраните илинденци рекол: „Ние револуционерите дигнавме пушка, и на нашето црвено знаме напишавме, СМРТ ИЛИ СЛОБОДА, за да си ги запазиме животот, верата и честа. Ние го кренавме тоа црвено знаме и назад нема. Назад нема затоа што пред нас е исправена целта, а тоа е нашата мила Македонија”, посочи во своето обраќање Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека 115 години потоа ја имаме истата максима пред нас како водилка.

-Секогаш кога ќе биде дилемата дека сепак, востанието не успеало,  дека шансите за конечна победа во тој момент биле еднакви на нула, но востанието се случило и тоа е факт кој што ќе остане запишан и врежан во историските читанки и во сеќавањата на секој граѓанин на оваа земја, на секој Македонец. Сето ова го знаеле и Карев, и Питу, и Груев, и Узунов, и сите останати, но сепак борба имало, затоа што биле подготвени со својот живот да се борат за слободата, за ова парче земја во кое денеска ние живееме, работиме и се образуваме. Затоа денес ние го славиме ова дело со срца полни со восхит за нивната саможртва, нескршлива волја, и пркост пред бројниот и далеку поброен непријател. Затоа што најлесно било да се предадат кога било најтешко, и тогаш кога не се гледало никаков излез, но тој бунтувен дух на овие револуционерни титани бил многу поголем од било кој страв кој би ги натерал да се предадат во тој момент и да го положат оружјето. И тука, свој удел има и токму ова свео место Маруништа како што го викаат локалните граѓани, или Ташмаруништа како што пишува на сообраќајните знаци, чии што жители директно се вклучиле во востанието кое било сенароден отпор на обесправените, и чиј што исход завршил со крваво задшување на востанието, но сепак тогаш биле поставени темелите, а победите дошле веднаш после вториот Илинден на оние кои ја продолжиле борбата, потенцираше партискиот лидер.

Во Ташмаруниште тој посочи дека оваа генерација Македонци им должи се на овие луѓе кои со своите животи, со своите животи ја платија слободата, независноста и со кои  животи ја изградија и ја моделираа оваа држава во која што ние денеска живееме.

-Слава им, и им благодарам од сите вас, да им е лесна земјата. Кога зборува за вака една епска борба за слобода и кога се имаат во предвид последиците кои подоцна се чуствувале, човечките жртви, уцени, палења, пустоши што се случувале, основната порака денес симплифицирана поедноставена е дека живееме една скапа слобода испишана со човечки жртви која мораме, мораме задолжително да ја сочуваме, и нејзиното сочувување пред се зависи од нас самите. Ниту од господ ќе ни падне, ниту од небото ќе дојде. Сите ние заеднички мораме да ја сочуваме слободата која им ја должиме на нашите предци кои што ја платиле со своите животи. И кога се знае какви натчовечки напори биле давани, какви жртви само паѓале, колку семејства биле затворени, зацрнети во тој илинденски период, кога ќе ја погледнеме храброста како онаа на Питу кој соочен со неколку илјаден противник наспроти себе, глас кој изустувал во последните минути од својот живот велејќи „ако веќе нема слобода, тогаш има смрт“, или војводата Узунов кој две години по востанието во последните часови од својот живот и пишува на сопствената мајка „маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка, и јас без ни најмалку да те навредам се чуствувам повеќе син на втората моја мајка Македонија отколку на тебе мајко која си ме родила“. Сетете се на овие две реченици и на Питу и на Узунов. А она, она што илинденците и оние пред нив и тие по нив ни го задолжиле единствениот завет што стои пред нас, а тоа е едноставно Македонија и ништо друго, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски беше дециден во својот говор дека Македонија е име кое се изговара со смирена благонаклоност, со чест, со достоинство, со вера и со гордо крената глава.

-Илинденците ги поставија темелите, нивните наследници партизаните продолжија со градба, наша должност е да ја зачуваме оваа држава која е составена од човечки судбини, страдања и премрежја, наша должност кон нашите предци илинденците и тие пред нив и тие по нив партизаните е да изградиме иднина на која што тие би се гордееле, а тоа е слободна, независна и просперитетна Република Македонија. Можеби, не проаѓа ниту еден собир во последно време без неколку зборови кои што ќе алудираат на моменталната политичка ситуација во државата, ќе ми простите но некако не можам да се оглувам на тоа што и се случува на мојата татковина, вели претседателот на опозицијата.

Тој го својот говор се осврна и на политичките настани. Мицкоски истакна дека премиерот на владата на Република Македонија и естаблишментот околу него силно се удираат во гради дека биле за Европската унија, а демек сите ние останати кои што не ја споделуваме нивната капитулација не сме биле за ЕУ.

-Да не  знаевме со кого си имаме работа може и некој ќе им поверуваше, а вака сето тоа удирање во гради за Европската унија завршува во секундата кога ќе се подели по некој наместен тендер во здравството, или државна помош на фирмата на вицепремиерот, па затоа за да се одбегне јавноста кругот ќе се прошири со фирми на нивните кумашини, или пак кога вицепремиерката задоволувајќи ги своите хедонистички пориви ќе отиде на ручек со хеликоптер, а додека во болниците имаме недостаток инкубатори за новороденчињата, кога има недостаток на медицински возила, или кога полицајците и војниците патролираат пешки бидејќи немааат доволно превозни средства возила, а единственото оправдување е дека немало доволно финансии за тоа. Жално, кога не би било жално би било трагично. Тоа е она што денеска и се случува на Република Македонија. Од една страна имаме премиер кој заедно со својот естаблишмент за го сокрие своето минато и за да може да ги покрие сите оние работи кои ги прави заедно со луѓето околу него го покриваат со една реченица, ние сме за ЕУ. Не, ЕУ не почитува такви вредности. ЕУ се брани од таков тип на политичари. Тоа е мојата порака. И затоа ќе им порачаме од овде, колку повеќе се удираат во градите и велат ДА, толку повеќе вие и сите оние луѓе во Република Македонија ќе им кажат едно големо и громогласно НЕ. Доста е! Свесен и знам дека денес со една лажлива и театрална насмевка и нескриен однос луѓето од власта ќе кажат како биле за сплотеност и обединетост. Но, тоа тоа се само зборови, а делата, делата почитувани мои сограѓани се сосема поинкави. За каква сплотеност се говори кога на сила без консултации туркааат референдумско прашање за смена на името. Кога секој втор ден прогласуваат предавници и патриоти, кога има пратеници и други невини жртви оптоварени со политички конструирани случаи само со единствена цел да се скрши ВМРО-ДПМНЕ и непокорот на Македонците во нашата мила Република Македонија, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочи дека вистинската сплотеност треба да започне преку одбрана за државните и националните интереси, и тука доколку се согласи СДСМ секогаш ја имало нашата подадена рака затоа што Македонија е пред и над  се, не треба тоа да го заборават ниту тие, ниту ние, а ниту секој граѓанин во нашата Република Македонија.

-Европската унија е систем на вредности какви челните луѓе на власта и премиерот немаат. Затоа што таму во тие држави на хедонизмот кој го има власта гледаат со презир, затоа што во тие држави нема да најдете премиер аболиран за криминал како тука, и затоа што таму не се местат тендери како тука. Затоа што колку и да кажат дека биле за Европска унија, во реалниот живот има толку многу причини да веруваме дека не се за ЕУ. Туку едно големо НЕ ќе кажат за ЕУ. Во Европска унија нема да најдете најблиските соработници на премиерот да си делат милионски тендери, нема да видите министри на било која земја членка на ЕУ да претура од џебот на граѓаните во својот приватен џеб како што е аферата криминални иновации, нема случаи неговите приватни фирми да добиваат “сосема случајни тендери”, или пак истите случаи мултиплицирани кај пратеници, функционери на партијата на власт. Во ЕУ нема актуелени градоначалници кои се апсат за шверц со цигари. Такви вредности во ЕУ нема. Нема случаи во Европската унија каде 35 милиони евра тендер се мести за фирма која е основана  само неколку недели пред објавување на тендерот. За какви европски вредности тука говориме. Говорењето за Европска унија не го прават човекот европеец, туку делата, а делата гледаме дека ги нема. Таква ЕУ им служи на овие квази политичари за да можат да си го обелат своето криминално минато. Ние сме за вистинска ЕУ со сите вистински вредности кои таа ЕУ ги нуди  и сите можности кои таа ЕУ ги нуди. Нема да дозволиме лицето и прозорецот на ЕУ во Република Македнија да бидат Зоран, Вице, Радмила и останатите местачи хедонсити во владата. Вистинското лице на ЕУ сте вие граѓаните достоинствени и чесни, домаќини и родители, браќа и сестри на Република Македонија. Не можат да го сокријат ниту еден од апологетите кои секојдневно критикуваат, спинуваа, сеат невистини и магли, шпекулации дека еве  ќе сум променил став, дека ќе сум потклекнал на притисоците доколку ги имало, дека сум бил маша на политиката. Не можат да го сокијат ниту оние злонамерници коишто не му мислат добро на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. Критикуваат, лажат, измислуваат, конструираат, а се со една цел, како капитулацијата  да ја претстават како триумф, лагата да ја претстават како вистина, а шансата да ја претстават како избор помеѓу иднина или изолација, истакна Мицкоски.

Тој вели дека е за иднина во која државата Република Македонија ќе биде среќна, достоинствена, горда, економски просперитетна, шанса на секој граѓанин во оваа држава, мајка на секој син и ќерка, сестра на секој брат, брат на секоја сестра, држава со можности, држава којашто ќе биде достоинствена, исправена, горда, којашто ќе ги совладува сите предизвици коишто стојат пред нејзе.

-За таква иднина зборувам. Не зборувам за иднина каде ќе се местат тендери, каде брата функционер на брата бизнисмен ќе му дава парцели за да овој млати милиони на грбот на граѓаните, каде ќе се проституираме со достоинството на народот и на државата за да можеме да ја сотскриеме сопствената аномалија од минатото. Иднина во којашто граѓаните ќе го имаат последниот збор. Иднина во која вие ќе кажувате како политичарите ќе работат, а нема политичарите да велат без разлика дали граѓаните ќе кажат или вака или така, институциите ќе ја земат правдината во своите раце. Вие сте тие коишто ја имате сета власта во оваа земја и за таква иднина ВМРО-ДПМНЕ и јас се бориме. Ние веруваме во вас затоа што вие верувате во нас. Нема да ве разочараме. Секогаш ќе водиме сметка за ваѓите чувства и перцепции, стравови и надежи, очекувања и залагања. Кога ќе изгледа тешко и кога ќе сте во искушение, кога ќе паднете за момент со духот иил пак вербата, кога ќе ве обземе стравот, верувајте, верувајте дека ние сме вашиот партнер и во добро и во зло, и за убаво и за тешко, и за радост и за успех знаеме каде одиме. Верувајте во вашата мисла и промисла, во вашата добра намера, во почитта кон предците во вашата визија и труд за поколенијата, во вашите срца и души. Методија Андонов Ченто ќе каже мојот син нема да расте во беэимена држава, каде татко му бил жив и эдрав и со прст не мрднал да си го одбрани основното човечко достоинство… Ова е наше природно право на борба, демократска, институционална. Борба која е за интегрирање на државата Република Македонија во Европска унија и НАТО и пред се примена на тие вредности овде, внатре во нашата земја. Илинден е можеби најважниот камен темелник на Република Македонија врз  кои е изграден нашиот заеднички дом на сите нас, на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите, и сите останати. Тоа што е втемелено пред 115 години никој не може да го избрише затоа што и тогаш, а и сега важи истата парола БАЈРАКОТ НА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА Е РАЗВЕАН И ВРАЌАЊЕ НАЗАД НЕМА, нагласи партискиот лидер.

Претседателот на партијата рече дека Македонците секогаш врвеле трнлив пат со многу премрежја, но истрајност и верба во успех секогаш тие воделе до целта и остварувањето на вековниот сон. И комитите и партизаните го оделе тој трнлив пат и ним можеби им се нуделе искушенија да се откажат, но тие биле бескомпромисни кога се работело за својот идеал кој сите денес го живееме, а тоа е слободна, независна Република Македонија.

-На крај би сакал да упатам една порака и до сите оние кои велеа изминатиот период многу сте млаки, никаде ве нема, сигурно се купени, поставени од  некого. Еднаш ги демантиравме, вторпат ги демантиравме, третпат ги демантиравме и ќе ги демантираме секој ден додека не сфатат дека жестоко не потценија. Ние во оваа битка не влеговме за да коленичиме пред канцелариите и да реализираме некаков интерес или некакво место во извршната власт. Ние влеговме со чиста мисла, која што се темели на принципи, искреност и верба во тоа во кое што сите вие верувате, а тоа е Република Македонија и немаме намера за тоа да правиме компромис. Со нашите принципи и нашата верба нема да правиме компромис. Но, ќе им упатам порака и на оние вторите, на оние кои се дел од таа армадила која секојдневно за жолтиците кои што ги има земено има за цел капитулацијата да ви ја престави како триумф, лагата да ви ја претстави како вистина, да конструира, да моделира невистини, да лаже да ме напаѓа, да навредува, на дневна основа да ме омаловажува, да релативизира, ќе им порачам, и додека бев во касарната во 2002 година и 2003 година  како дел од македонската гарда и кога бев во библиотеките по западните универзитети и кога бев заедно по клупите со моите студенти на универзитетот и кога сум сега исправен пред вас, сонував еден сон, а тоа беше сонот на мојата генерација да ја види оваа држава горда, достоинствена исправена Република Македонија. И сега на крај, нема да ви дозволам да ме разбудите во кошмар, ќе го досонувам јас мојот сон и ве уверувам ќе ве поразиме жестоко што нема да знаете што ве снашло, дали тоа ќе бидат предвремени или редовни парламентарни избори. Да ни е жива и здрава Македонија, да сте ми живи и здрави вие, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Најубавите плажи на Балканскиот полуостров
Следна објава Палмер и Бејли за Илинден кај Митко Јанчев во Кавадарци
Може да Ве интересира:
Ѓорѓија Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи јавна соба
Македонија

Ѓорѓија Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи јавна соба

јануари 31st, 2021 18
"Стојанче поздрај го татко ти и кажи му со еден повик ќе го избрка од работа... ќе те остаа како пес испружен на улица." -Млад кичевчанец прима закани за ликвидација и бркање од работа на татко му
Македонија

"Стојанче поздрај го татко ти и кажи му со еден повик ќе го избрка од работа... ќе те остаа како пес испружен на улица." -Млад кичевчанец прима закани за ликвидација и бркање од работа на татко му

јануари 29th, 2021 1344
Поддршка од земјите на Вишеградската група за членство на земјите од Западен балкан во ЕУ
Македонија

Поддршка од земјите на Вишеградската група за членство на земјите од Западен балкан во ЕУ

јануари 25th, 2021 163
Странските инвестиции кои ги носи Заев се со стелт технологија
Македонија

Странските инвестиции кои ги носи Заев се со стелт технологија

јануари 24th, 2021 221
Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија
Македонија

Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија

јануари 22nd, 2021 150
"Првиот попишувач" Апостол Симовски се закани со затворски казни на тие што нема да се попишат
Македонија

"Првиот попишувач" Апостол Симовски се закани со затворски казни на тие што нема да се попишат

јануари 22nd, 2021 252
Реакции за новиот концепт на МОН за музичко образование
Македонија

Реакции за новиот концепт на МОН за музичко образование

јануари 21st, 2021 295
Средба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ со Маријана Петир
Македонија

Средба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ со Маријана Петир

јануари 21st, 2021 156
Се подготвува ли страшно сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од електроенергетскиот систем?!
Македонија

Се подготвува ли страшно сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од електроенергетскиот систем?!

јануари 17th, 2021 507
Facebook Comments
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

391
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

19
Најнови објави
Фев 26th 10:46 AM
Политика

Александар Николоски упати прашања до Оливер Спасовски за платената војска на бегалецот

Фев 24th 4:36 PM
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 22nd 6:21 PM
Политика

Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд

Фев 21st 9:22 AM
Европа

Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација

Фев 17th 8:40 PM
Политика

Мицкоски: Јас сум Македонец и сакам во мојата лична карта да стои Македонската нација

Фев 17th 8:30 PM
Институции

За општина Штип гасификацијата е реализирана но само на ниво на планска документација. Ништо од ветената изведба на терен

Фев 17th 7:12 PM
Став

Шеќеринска пред 11 месеци, во време на светска пандемија го одјавила Полковник Драган Ковачки од здравствено осигурување

Фев 17th 12:16 PM
Регион

Претседателот на Советот на Општина Делчево наплаќал за адвокатски услуги од институции во Македонска Каменица, алармираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

Фев 16th 6:43 PM
Регион

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за реваншизам и непрофесионални преместувања во МВР во Кочани

Фев 15th 9:15 AM
Институции

СДСМ Кочани и Општина Кочани преку идентични соопштенија комуницираат со јавноста

Набери здравје
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација
Европа

Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација

Фев 21st, 2021 148
Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 24th, 2021147
Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд
Политика

Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд

Фев 22nd, 2021120
Шахпаска во декември 2020 г. во Лозово отворила детска градинка која два месеци потоа се уште не функционира
Регион

Шахпаска во декември 2020 г. во Лозово отворила детска градинка која два месеци потоа се уште не функционира

Фев 7th, 2021103
Донација од Германија на возило за чистење снег од 2017 година се уште не стигнало во општина Лозово
Регион

Донација од Германија на возило за чистење снег од 2017 година се уште не стигнало во општина Лозово

Фев 14th, 202190
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
Monica Bellucci 33
28-09-2018-1538200441
burning man fest 098
omar burkan 10
29-22
burning man fest 054
Monica Bellucci 44
Kelly Brook 21
31-12-2017-1514718315
burning man fest 051
37863167 10212965001545671 1929318666780803072 n
received 2373213079669212
Creative-Photo-Ideas-for-Real-Daredevils-18
thylane blondeau18
Ентони Хопкинс 06
30-05-2018-1527684364
graduates2018-28
received 672495559867354
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.